fbpx

Од 1.486 тестирања, регистрирани 109 нови случаи на ковид-19

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19. Во последното деноноќие оздравеле 89 пациенти, а починале три лица – пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, бројката на оздравени пациенти е 12.054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.208.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, две позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се шест нови, вкупно хоспитализирани се 21 пациенти. Нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...