fbpx

Бурна расправа во ДИК за извештајот за теренската проверка на гласачите

-

Презентирањето на извештајот за теренската проверка на спорните гласачи во ДИК, поминува во бурна расправа меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Тие поинаку ги толкуваат бројките од пополнетите и внесени прашалници од теренската проверка на 87.352 гласачи.

Според Игор Милев, член на СДСМ во ДИК, многу од прашањата во анкетните листови се неодговорени и за нив треба да се направат дополнителни вкрстени проверки.

– Лицата што беа анкетари се несоодветни за таа работа, а досега немаме извештај и за тоа кој сè ги внесувал податоците во системот на Државната изборна комисија. Биле ангажирани лица од различни институции, кои немаат потпишано документ за неиздавање тајни податоци – рече Милев.

На неговото изложување, реплицираше Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ, која рече дека генералниот секретар бил задолжен за лицата што ги внесувале податоците.

– Сите знаете дека беа склучени договори со вработени во Министерството за информатичко општество и администрација, кои ги внесуваа податоците. Ако се сомневате дека генералниот секретар не ја завршил работата како што треба, требаше на работен состанок уште еднаш да ги провериме тие лица – изјави Бонева.

Седницата на ДИК сè уште трае, а од она што досега е истакнато од членовите, од 87.352 анкетни листа недостигаат 282 прашалника.

Членовите на ДИК од СДСМ оспоруваат и повеќе од 15.000 прашалници кои, според нив, се спорни врз основа на тоа дека повеќе од 20 гласачи живеат во иста куќа и други повеќе од 17.000 прашалници на гласачи кои ги има само во една база што беше проверувана од ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...