fbpx

СДСМ: Бегаат од теренска проверка тие што сместувале 40 лица во еден стан

-

Неопходна е теренска проверка на избирачкиот список за да почне да се враќа довербата во изборниот процес, велат од СДСМ за правилниците за методологијата која од Државната изборна комисија им се доставени на партиите на усогласување.

– Од теренска проверка бегаат тие што сместувале 40 лица во стан од исто толку квадрати и тие што организирале исти луѓе да гласаат по неколкупати. Тоа не смее да се повтори. Методологијата на Државната изборна комисија треба да го прецизира тој процес и да даде јасни задолженија на сите институции што треба да го помогнат – велат од СДСМ.

Од ДИК тогаш соопштија дека во вторникот (29 декември 2015 година) одржале состанок на кој ги утврдиле предлог-текстовите на правилникот за методологијата за водење и за ажурирање на избирачкиот список.

Двата правилника на 30 декември биле доставени до четирите најголеми политички партии, кои треба да ги усогласат ставовите за предлог-текстовите, а потоа треба да бидат усвоени од ДИК.

„Државната изборна комисија очекува во најкраток можен рок четирите најголеми партии да се усогласат, за потоа да ги усвои овие два важни акта за проверка и за ажурирање на избирачкиот список“, соопштија од ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Број 659 на стрипот „Алан Форд“ нацртан од Вероника Гуити. Фото: Мета.мк.

За прв пат во 55 години, стрипот „Алан Форд“ го црта жена

Со мајскиот, 659-ти број на култниот италијански стрип „Алан Форд“, издавачот и сценарист Макс Бункер ја претстави уметницата Вероника Гуити како нова членка на тимот. Во уредничкиот коментар во 659-тата...