fbpx

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокира експерти за ДИК кои објавуваат статуси на „Фејсбук“

-

Закочен е процесот за избор на експерти во Државната изборна комисија. Не се проблем само имињата, туку партиите имаат различен концепт за тоа што значи Договорот од Пржино, брифираат извори од преговарачкиот процес за „Мета“.

Според нашите информации, за СДСМ не е прифатливo експертите да бидат избрани со амин од политичка партија. Извори од СДСМ велат дека од 40 пријавени кандидати за експерти во ДИК, има сериозно квалитетни кадри, но за ВМРО-ДПМНЕ не се прифатливи најквалитетните експерти според критериумите на Еворпската унија.

Нашите извори велат дека за ВМРО-ДПМНЕ се прифатливи само кандидатите што биле членови на избирачко место и од партијата не сакаат да го видат искуството на кандидатите, туку гледаат кој што рекол и кој што објавува на „Фејсбук“.

Според нив, критериумите што треба да ги имаат експерите се да бидат членови на изборна комисија, да биле набљудувачи на избори дома или во странство во име на меѓународни организации и да имаат искуство во избирачкиот процес.

Од СДСМ тврдат дека доколку не се испочитуваат овие критериуми и не се изберат нови членови на ДИК според Договорот од Пржино, под знак прашање се изборите во април 2016 година.

Оттаму велат дека по изборот на членови во ДИК треба да се направи целосна реконструкција на службениците во оваа институција и да се направи методологија за прочистување на избирачкиот список.

Преговорите на работните групи за медиумите се во мирување сè додека не се изберат експертите – членови во ДИК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...