Лидерите го повикаа Собранието да ги назначи членовите на ДИК

-

Лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино, во заедничката писмена изјава го поздравија денешниот договор за целосниот состав на ДИК и го повикаа Собранието да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во ДИК.

„Го покануваме Собранието да ги финализира неопходните постапки што е можно побргу, за комисијата да почне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборниот период. Ги повикуваме сите државни институции, целосно да ја поддржат комисијата во оваа тешка задача. Ја повикуваме комисијата да ги донесе неопходните одлуки за прашања, како што се кадровското екипирање, вклучувајќи професионален и висококвалификуван генерален секретар за методологиите за проверка на избирачкиот список и да утврди постапки за проверка и за одлучување по изборни поплаки, врз основа на законските начела, без политичко влијание“, стои во изјавата.

Политичките лидери, исто така, ги повикаа и граѓаните да ги пријават сите неправилности што ќе ги воочат до ДИК и до другите официјални тела со релевантни овластувања, како што е Народниот правобранител.

Неколкучасовната лидерска средба, сепак, заврши без договор за реформите во медиумите, но како што се дознава, за нив ќе се расправа во наредните денови.

АНАЛИЗА: „Економските гревови“ на претходната власт нотирани во новата Фискална стратегија: во 2025 раст од 3,7 отсто

Во новата 2025 година невработеноста ќе се намали на 11,2 отсто. Платата ќе се зголеми за 7,5 проценти. Економскиот раст се очекува да биде 3,7 отсто. Но, годинава јавниот...