fbpx

Собранието ќе распише оглас за избор на членови на ДИК

-

Пратениците денеска на пленарна седница ќе треба да ја одобрат одлуката за Собранието да распише оглас за избор на членови на Државната изборна комисија.

Во составот на Државната изборна комисија, според новиот Изборен законик, треба да има тројца членови од власта, тројца од опозицијата и тројца експерти.

Сите заинтересирани кандидати пријавата за учество и лична биографија, како и потребните документи, оригинал или на нотар заверена копија, треба да ги достават најдоцна осум дена од објавувањето на одлуката.

Одлуката на Собранието ќе биде објавена во Службен весник и во дневните весници „Вечер“, „Дневник“ и „Лајм“.

Членови на ДИК предложени од политичките партии мора:

Да се државјани на Македонија со постојано место на живеење;

Да се дипломирани правници со најмалку пет години работно искуство;

Да не се членови на некој од органите на партијата.

Членови на ДИК кои не се избираат по предлог на политичките партии треба:

Да се државјани на Македонија со постојано место на живеење;

Да имаат завршено високо обрзование со најмалку пет години работно искуство;

Да не се членови на некој од органите на политичките партии најмалку две години;

Да не бил и да не е кандидат за носител на некоја јавна функција во државната или локалната власт;

Да не е јавен поддржувач на политиките на власта или опозицијата;

Да има стручни познавања и искуства во областа на изборите и на изборните процеси.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Настани во повеќе онлајн игри со различни награди

Оваа пролет има многу настани на различни игри попознати под името „Event“-и, на кои има различни награди и забрзано левелирање на повеќе игри - настани кои се во тек...