fbpx
Таг: Битола

таг: Битола

На Француските гробишта во Битола се гради музеј за жртвите од Солунскиот фронт

Нов музеј посветен на жртвите од Првата светска војна, односно Солунскиот фронт, се гради на Француските гробишта во Битола. Камен-темелникот го постави државниот секретар за поранешни борци и историски настани на Француската Република, Жан-Марк Тодешини. – Населението што страдаше во војната, особено жителите на Битола, но и сите жители на Македонија заслужуваат посебна почит. Битола, за време на таа војна, беше...

Битолчани бараат расправа во Собранието за загадениот воздух

Битолските поборници за чист воздух од здружението „За нас се работи“, бараат собраниската расправа за загадениот воздух во земјава. Во барањето доставено до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, координаторите на пратеничките групи и до собраниската Комисија за животна средина, бараат расправа за влијанието на термоелектраните врз животната средина во земјава. - Барањето го испративме пред Нова година и сè уште...

Концерт на Гоце Стевковски во Битола

Во Центарот за култура во Битола, в сабота, музичарот Гоце Стевковски-Септет ќе одржи концерт насловен „Седум приказни“. Стевковски е македонски тапанар и перкусионист. Соработувал со Кирил Џајковски, групите „Леб и сол“, „Архангел“, „Ласт експедишн“, „Фолтин“, „Егзија оркестра“, со Зоран Маџиров и со други музичари. Учествувал на голем број интернационални фестивали, како што се „Егзит“, „Пиво-фест“ во Белград, „Клузоне џез-фестивал“ во Италија, гостувал...

Се подготвува закон за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска во Битола ги пушти во употреба новоизградените простории на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, нов корисен простор за читателите од 500 квадратни метри, за што Министерството вложи 30,5 милиони денари, и најави дека во завршна фаза е подготовката на законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено...

Притвор за педофил кој сексуално злоупотребил две деца во Битола

СВР- Битола поднесе кривична пријава против Д.Т. (58) од Битола, поради основано сомневање дека сторил полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Пријавениот, во периодот од 20 јануари до 19 февруари годинава, во Битола, повеќепати вршел полов напад и други полови дејства врз две деца од Битола. По пријавувањето на настанот, од страна на СВР Битола се извршени низа мерки и активности...

Дузина наставници ноќеска спиеја со студентите на Техничкиот факултет во Битола

Не за екстерното оценување, не за студирање со ограничување. Ова се само дел од дискусиите на кои синоќа до доцна во ноќта дискутирале студентите и претставници на наставничкиот пленум од Битола во автономната зона на Техничкиот факултет. Повеќе наставници преноќија на Техничкиот факултет во Битола заедно со студентите, кои веќе една недела се во автономната зона. - Се собравме наставници од повеќе...

Пленумците од Битола ноќеска останаа без струја во автономната зона

На минус 10 Целзиусови степени ја минаа ноќта пленумците од Битола, кои вчера прогласија автономна зона на Техничкиот факултет. Дваесет и пет студенти, момчиња и девојчиња, во студените простории спиеле само на стиропор и во вреќи за спиење. Згора на тоа, постојано им паѓале осигурувачите, па било невозможно да вклучат и грејни тела. На располагање имаат само две простории, од...

Лавот Цезар и тигарот Путин не се соседи на кучињата-бездомници

Нема расфрлано мрши од животни ниту, пак, смет во кафезите на кучињата-бездомници. Оваа е сликата што ја затекнавме денеска во зоолошката грaдина во Битола, наспроти вчершните запрепастувачки фотографии на здружението за заштита на животни „Анима мунди“, на кои се гледаа коски од заклани животни нафрлени до кафезите на кучињата-бездомници. На четири-пет метри од кафезите на кучињата, во два одделни контејнери се...

Битолски бизнисмени ги купија пекарниците на „Жито Битола“

Трите атрактивни дуќани, кои беа продавници за леб на поранешната „Жито Битола“ кај комплексот Шехерезада, отидоа во рацете на познати битолски биснисмени. Дуќаните беа сопственост на државата, па се продадоа на јавната лицитацијата на Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор. Дуќаните сега се сопственост на познати бизнисмени од градот, кои се занимаваат со градежништво, фармација, како...

Воздухот во Битола со висока концентрација на ПМ2,5-честички

Висока концентрација на опасните ПМ2,5-честички во воздухот во централното градско подрачје на Битола, покажаа анализите од двонеделното мерење на мобилната мерна станица на „Фармахем“ во Битола. Здужението „За нас се работи“ во исчекување на експерт од „Фармахем“ да ги прочита резултатите од анализата на воздухот во Битола, пред јавноста, што треба да се случи наскоро, открива дека не само...

Битолската болница денеска остана без греење

На температурa под нулата, пациентите во битолската болница денеска лежат во болничките кревети во ладни простории бидејќи нема парно греење. Болницата останала без парно поради грешка на дистрибутерот на мазут, велат од прес-службата на болницата. - Кај нас сè беше направено за да се набави мазутот, но дистрибутерот задоцни и затоа денеска болницата е без греење - вели Јагода Стојановска, портпарол...

Вработени од РЕК, преку монтажен мост, пеш заминаа на работа

Невообичано беше патувањето денеска на вработените од првата смена во РЕК Битола откако е пресечан патот кој од градот води до комбинатот. Едни автобуси на РЕК Битола ги однесоа работниците до монтажниот мост, а други, пак, ги пречкаа од другата страна за да ги транспортираат до работните места. Под вода е целото поле околу комбинатот, манастирот „Пресвета Богородица“ и првите...

Црна се уште опасна за Новаци

Се стабилизира состојба во битолскиот дел на Пелагонија по пресекувањето на патот Битола-Новаци, но и натаму нивото на Црна и излевањето на реката е опасно за домовите на новачани. Во Новаци поплавени се десеттина куќи од кои една е сосема потопена во вода. Преку пресечениот пат надојдените води на Црна сега се сериозна закана за селата Рибарци и Гнеотино. Утрово во...

Битолски наставници: Кој направи пуч со прекинот на штрајкот?

Кој го направи пучот во штрајкот на СОНК е главната дилема на дел од битолските наставници, по прекинот на штрајкот. Наставници од средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола, кои од првиот ден на штрајкот беа стопроцентно солидарни, денеска се револтирани поради неодговорените прашања од страна на СОНК. Зошто СОНК го прекина штрајкот, а штрајкувачите за тоа дознаваат од...

Селата околу Битола целосно под вода

Невремето ги зафати и најблиските села околу Битола, кои се целосно поплавени. Во Кравари, Оптичари, Поешево, Логоварди, Дорно Оризари, Карамани и Трн, граѓаните со чизми влегуваат во своите домови, а некои заробени од водата воопшто не излегуваат од дома. Со пумпи, секој од сопствениците се обидува да го намали количеството вода од внатрешноста на објектите, но водата само надоаѓа. Мештаните се...

Битолските наставници се подготвуваат за протестен марш

Просветните работници од Битола, членови и поддржувачи на штрајкот на СОНК, се подготвуваат за протестниот марш в среда, во 13 часот, најавува регионалниот претседател на СОНК, Фанче Јошевска. Наставниците прво ќе се соберат пред вратите на Државниот просветен инспекторат во Битола, лоциран во средношколскиот дом „Мирка Гинова“ и средното медицинско училиште, а потоа со марш по Широк сокак ќе...

Познато кој ја загадува Битола

Во Битола стигнаа резултатите од двонеделното мерење на квалитетот на воздухот во центарот на градот, што на своја иницијатива го направи здружението„За нас се работи“. Анализите на воздухот се изработуваа во референтна лабораторија во Белград, Србија, а мерењето го вршеше мобилна мерна станица на „Фармахем“ од Скопје. Поради сериозноста на темата и ситуацијата во Битола со квалитетот на амбиенталниот...

Пелагонија со насипи и со тампонажа ќе се штити од евентуални поплави

Се редат вреќи со песок, со багери се прават насипи, се штитат куќите и шталите од евентуални поплави. Ваква е сликата денеска во плодната Пелагонија, по најавите за нови врнежи од дожд во регионот и за излевање на реките. Општина Новаци, која е најзасегната од ваквата ситуација и каде се поплавени неколку стотини хектари плодни ниви, веќе ги лоцира критичните...

Пропадна иницијативата спортската сала во Битола да го носи името на Боро Чурлевски

Советот на Општина Битола не ја прифати иницијативата на опозициската советничка Габриела Илиевска од ВМРО-НП, спортската сала „Младост“ да се преименува во „Боро Чурлевски“, ракометниот виртуоз кој прерано замина од овој свет. - Ова беше една скромна иницијатива, поднесена без никаква политичка заднина, за да покажеме дека нашиот град никогаш не ги заборава големите луѓе на Битола. Основа на сè е...

Ветер и дожд корнеа дрвја во Битола

Невремето со ветер и со дожд предизвика помали штети и во Битола. Ветрот откорна зимзелено дрво во паркот пред Центарот за култура во Битола, а сруши и неколку метални паноа. Дрвото кое едвај се држи на само десетина сантиметри од земјата, само што не се срушило. Тоа предизвикува особено внимание кај шетачите, кои го фотографираат од сите страни на паркот....