fbpx
Таг: Битола

таг: Битола

Превознички маки и сопки за митингот на опозицијата в недела

Повеќе од 2.000 битолчани, членови и симпатизери на опозицијата, најавиле дека ќе присуствуваат на протестниот марш што СДСМ и колицијата го организираат в недела во Скопје, потврдуваат од општинската организација на СДСМ во Битола. Според Васко Ковачевски, пратеник и претседател на СДСМ во Битола, во градот постои големо расположение за да се присуствува на митингот во Скопје. - Ги преземаме сите мерки...

Патниот правец Битола – Ресен прооден

Патниот правец Битола - Ресен (обиколница Битола) е оспособен за сообраќај на сите видови моторни возила. Отстрането е свлечиштето на патот поради кое претходно возилата се пренасочуваа преку Битола. Поставена е соодветна патна сигнализација, соопштија од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на...

Се протестираше и оставки се бараа и во Штип, Охрид и во Битола

Освен во Скопје, денеска имаше протести и во Охрид, Битола и во Штип. Битолчани ја „шетале“ полицијата од зградата на МВР до Општината и повторно назад до МВР. Оваа досетлива демонстрантска тактика ја практикувале околу стотина, претежно, млади луѓе. За разлика од протестот пред три дена, кога Битола со транспаренти и со скандирања се крена на нозе против полициската бруталност, граѓаните денеска...

Протести за Мартин Нешковски и во Битола

Протести поради прикривањето на убиството на Мартин Нешковски се одржуваат и во Битола. Поголема група граѓани тргнаа од фонтаната во центарот на градот и преку Широк сокак, се уаптија до МВР. Битолчани масовно излегоа на денешениот протест, a во моментов толпата е пред зградата на Општината, од каде протестантите бараат оставка од Владата и од локалната власт. „Бомбата“ на опозицијата за...

Со големи маки почна сеидбата во Пелагонија

Под многу тешки услови, почна сеидбата на житните култури во Пелагонија. Во поплавените подрачја махнизацијата тоне во кал, а таму каде што нема доволно влага, земјоделците се молат да падне дожд. Земјоделците велат дека ако наскоро не заврне, пченицата, јачменот и маслодајната репка не ќе може да вегетираат. Оние, пак, од поплавените региони, се молат сонцето да ја исуши земјата...

Затвореникот што се самозапали во битолскиот затвор транспортиран во Скопје

Затвореникот што синоќа се самозапали во битолскиот затвор поради серизоноста на повредите итно е транспортиран во скопските клиники. Комановецот Ферат Алии кој отслужувал казна затвор во Битола, се бори за живот откако со колонска вода се самозапалил. Од болницата во Битола велат дека половина од неговото тело е со изгореници од трет степен. - Долните екстремитети се со серизони изгореници,...

Кирацовски: Чесните вработени во МВР да го расветлат случајот со опожареното возило

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, денеска, на прес-конференција во Битола, побара од, како што рече, чесните вработени во МВР да го расветлат вчерашниот инцидент кога беше опожарено возилото на битолчанецот Марјан Јовановски, активист на СДСМ во Битола. Кирацовски вели дека јавноста во Битола со право регира ако се земе предвид дека инцидентот следува само неколку дена по масовниот митинг на...

Опожарен автомобилот на битолчанец кој на „Фејсбук“ ја критикувал власта

Ноќеска е опожарен автомобилот на битолчанецот Марјан Јовановски. Неговата „тојота“ целосно изгоре, а автомобилот на соседот е делумно оштетен. Настанот се случил на улицата Нико Фундали во Битола. Јовановски се сомнева дека опожарениот автомобил е порака до него за неговите пишувања на „Фејсбук“ како остар критичар на актуелната власт. - Ништо не работам, со ништо не се занимавам. На „Фејсбук“ пишувам...

Тежок велигденски ден за Итната помош во Битола

Тежок велигденски ден поминале лекарите од Итната медицинска помош во Битола. Како ретко кога досега, амбулантата била преполна со пацинети. Граѓaните се жалеле на висок крвен притисок, главоболки, колабирањe, биле донесени паценти со мозочни удари, а денот бил фатален и за неколкумина битолчани. Средовечен битолчанец вчера починал на новите светонеделски гробишта додека палел свеќа на гробот на свој близок роднина,...

Нова кривична пријава од СДСМ против битолскиот градоначалник

Битолските социјалдемократи заредија со кривични пријави против градоначланикот на Битола, Владимир Талески. Денеска лидерот на СДСМ во градот, Васко Ковачевски, до Основното јавно обвинителство во Битола вторпат поднесе кривична пријава против градоначалникот Талески и н.н. сторител, која произлегува од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Општина Битола за 2011 година. При контролата, државниот ревизор утврдил низа...

Борче Димитровски, нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

Борче Димитровски, актуелниот директор на Центарот за култура во Битола, е новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Нов лидер битолските вмровци избираа неколку месеци, на што претходеа интервјуа на кандидатите и анкети меѓу членството и граѓаните. Веста за назначувањето на Димитровски ниту официјално ја потврдуваат во општинскиот комитет во Битола ниту, пак, ја демантираат. Наши извори велат...

Новиот кредит од два и пол милиони евра ја вжешти политичката сцена во Битола

Локалната власт во Битола се задолжува со нов кредит од два и пол милиони евра откако градоначалникот Владимир Талески и ВМРО-ДПМНЕ расипнички, ненаменски и недомаќински досега потрошија повеќе од 200 милиона евра, пари на битолчани, обвинија битолските социјалдемократи. Битолската опозиција два дена по ред обвинува дека Општината в понеделник, на седница на Совет, планира да се задолжи со кредит, да...

Средношколците од Битола за Владата ја рецитираа „Т’га за југ“

„Орелски крилја как да си метнех и во други држави да си полетнех, во поквалитетно образование да си долетнех“. Вака средношколците од Битола ја рецитираа антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на денешниот протест во Битола. Преку триста средношколци, наставници и родители денеска маршираа по Широк сокак, барајќи укинување на екстерното тестирање и враќање на стартиот модел на државна матура. Средношколците...

Груевски призна дека преговарал за името и се обиде да ја деактивира „бомбата“?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, во говорот на собирот во Битола, направи обид да се амнестира од евентуална „бомба“ за името и ја подготви јавноста и членството за еден ваков чин. Зоран Заев, лидерот на СДСМ, неколкупати најави дека поседува снимки од кои, наводно, ќе се види „кој го продавал името“.   Груевски во врска со името, прв пат...

СДСМ: Молбите на Груевски до граѓаните се доказ за неговата безнадежност

Никола Груевски, по девет години масакр на правната држава, на економијата, на демократијата што ја претвори во режим, денеска излезе пред граѓаните да моли за нова шанса, за „новиот тест“ пред кој се нашол, стои во реакцијата на опозицискиот СДСМ по народниот собир на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Според СДСМ, говорот на Груевски е доказ за неговата безнадежност поради која...

ВМРО-ДПМНЕ го претрка СДСМ со трибината во Битола

Пред да одекнат најавените „бомби“ на Заев за наводните изборни манипулации и криминали на локалните моќници во градот под Пелистер, ВМРО-ДПМНЕ ја претрка опозицијата и закажа масовен собир во Битола, денеска во 13 часот, во спортската сала „Младост“. По Скопје, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, избра од Битола да ги почне трибините низ Македонија. Битолските челници на ВМРО-ДПМНЕ ги повикаa жителите...

Државните станови во Битола подобро се продаваат од приватните

Становите што ги гради Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Битола се продаваат како алва, за разлика од становите што ги градат приватните инвеститори. Лани за само една година АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Битола продало 150 стана откако цената за еден квадратен метар ја спушти на 600 евра, а...

Опозицијата поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник

Битолската опозиција денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник Владимир Талески. Лидерот на битолските социјалдемократи и пратеник, Васко Ковачевски, рече дека кривичната пријава ги содржи сите наводи кои стојат во разговорот од снимките, објавени од СДСМ, меѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. - Во своето признание, Ставрески го нарекува...

Нема абер од дезинфекција на поплавените подрачја во Пелагонија

И по месец и половина од големите поплави во Пелагонија, нема абер од дезинфекција и од дератизација на загрозените подрачја. По објавувањето на нови случаи на туларемија во земјава, жителите на Пелагонија стравуваат за безбедноста на своето здравје. Граѓаните бараат одговор од надлежните институции зошто досега не е покрената акција за чистење на теренот. Според нив, по поплавите глувците од...

Цело семејство загина во тешка сообраќајна несреќа

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Кичево - Битола, кај селото Белица, попладнево по 13 часот. При судир на два авотмобила, загинало цело семејство – татко , мајка и нивниот син, кои се превезувале со возило „фолксваген поло“ со кичевски регистерски таблички, потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Во другиот автомобил, „мерцедес“ со прилепски регистерски таблички, тешко...

ЦУК: Поплавени подруми во охридско од поројниот дожд

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). „Регионалниот...