fbpx

Државните станови во Битола подобро се продаваат од приватните

-

Становите што ги гради Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Битола се продаваат како алва, за разлика од становите што ги градат приватните инвеститори.

Лани за само една година АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Битола продало 150 стана откако цената за еден квадратен метар ја спушти на 600 евра, а становите на приземје и на поткровје се продаваат и по цена од 540, односно 560 евра за еден квадратен метар.
Оваа рекордна продажба на станови досега не е забележана, велат од претпријатието.

– АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од самиот почеток ги нуди становите по цена од 600 евра за еден квадратен метар, и од 2013 до 2014 година ги продадовме речиси сите станови што ги изградивме. Останаа уште 18 станови за продажба – вели директорот на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор во Битола, Иван Јолевски.

Пониските цени за квадратен метар што ги нуди државата, сепак, не успееја да ги срушат цените на становите кај приватните инвеститори . И понатаму во Битола приватниците нудат станови по цена од 700 до 900 евра за еден квадратен метар. Но, како што велат инвеститорите, државните станови уште повеќе ја забавија продажбата на нивните станови.

– Новите станови во Битола остануваат со истите цени бидејќи нашите трошоци не се идентични со државните. Ние плаќаме високи суми за земјиштето и за локацијата. Исто така, сметеме дека онаа медиумска кампања за намалување на цената на квадратен метар е нереална. Не може некој однадвор да кажува колку јас треба да продавам еден стан и по која цена. Тоа е работа на математика, а не на паушални пресметки – вели еден од приватните инвеститори на станови во Битола.

Според него, приватниците за да си го повратат капиталот од изградбата на становите, чекаат најмалку по три години, време што е предолго за водење бизнис, бидејќи мал е бројот на купувачите кои однапред го исплаќаат станот. Тоа треба да се земе предвид кога се пресметуваат цените за еден квадратен метар, велат приватните инвеститори.

Во Битола, најскапите се становите околу Широк сокак и поранешната касарна.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...