fbpx

Ахмети и амбасадорот Петков разговараа за актуелната политичка состојба во Македонија

-

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Тетово со бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Петков, разговарал за актуелната политичка состојба во земјата, за потребата од продлабочување на соработката помеѓу нашите две земји, евроатлантската интеграција на Македонија, како и за аферата со масовно прислушување во Македонија, соопштија од партијата.

Петков го информирал Ахмети за политичката ситуација во Бугарија по изборите и нагласил дека Софија го поддржува членството на Македонија во НАТО и во Европската унија. Амбасадорот, исто така, ја нагласил и потребата од развивање добрососедски односи и од потпишување билатерален договор помеѓу Софија и Скопје.

Ахмети изразил целосна поддршка за потребата да се потпише договор за добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија и побарал овој процес да заврши што е можно поскоро, без непотребни одложувања. Демократската унија за интеграција, како што стои во соопштението, смета дека конструктивниот дијалог помеѓу нашите две земји треба да се формализира час поскоро, со договорен меморандум помеѓу Скопје и Софија.

Лидерот на ДУИ, исто така, ја нагласил потребата од поддршка од Бугарија во Брисел за интеграцијата на Македонија во НАТО и во ЕУ, но побарал и конструктивност од Бугарија и од другите земји-членки на ЕУ за барањето на ДУИ за ангажирање на Европската комисија во решавањето на политичката криза во Македонија.

„Стабилна Македонија, интегрирана во НАТО и во ЕУ, претставува интерес на сите соседи и на регионот, но и на Брисел и затоа Европската комисија не треба да се колеба околу делегирањето политичка екипа, засилена со правни и со истражни експерти, за да го поддржат решавањето на аферата со масивно прислушување во Македонија“, смета Ахмети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...