fbpx

Средношколците од Битола за Владата ја рецитираа „Т’га за југ“

-

„Орелски крилја как да си метнех и во други држави да си полетнех, во поквалитетно образование да си долетнех“. Вака средношколците од Битола ја рецитираа антологиската „Т’га за југ“ од Константин Миладинов на денешниот протест во Битола. Преку триста средношколци, наставници и родители денеска маршираа по Широк сокак, барајќи укинување на екстерното тестирање и враќање на стартиот модел на државна матура.

Средношколците од Битола на Владата ѝ порачаа: „Погледнете нè, видете дали има среќа во нечии очи кога ние младите стоиме во место, заробени од манипуланти, но бидете сигурни дека ќе излеземе“.

– Спроведуваат закони без да знаат дека и нивните деца ќе се срамат од тоа што го направија со образованието. Нè оскатија и тоа целосно – рече Лејла Фетовска, средношколка од Битола.

На нивните транспаренти пишуваше „Нешто е труло во Грујовата држава“, „ Не ни треба математика за да пресметаме дека сте криминалци“, „Не нè враќај назад, опсано е таму. Да заминеме“.

Средношколците се пожалија дека денеска не добиле отворена поддршка од професорите, но затоа, пак, тука за нив беа студентите, членови на „Студенстски пленум“.

– Средношколците беа со нас на нашите протести и ние денеска сме тука да бидеме солидарни со нив. Се надевам дека како што успеавме ние, ќе успеат и тие во своите барања – изјавија од „Студентски пленум“ во Битола.

Маршот на средношколците заврши пред зградата на Општина Битола, од каде тие гласно побараа средба со одговорниот за образование за Општината.

A.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гласањето е мирно и без проблеми, МВР не регистрира посериозни нарушувања на редот и мирот

Министерството за внатрешни работи не регистрирало посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето за парламентарните и претседателските избори денеска. Како што информира портпаролот на МВР...