Борче Димитровски, нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ во Битола

-

Борче Димитровски, актуелниот директор на Центарот за култура во Битола, е новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Нов лидер битолските вмровци избираа неколку месеци, на што претходеа интервјуа на кандидатите и анкети меѓу членството и граѓаните.

Веста за назначувањето на Димитровски ниту официјално ја потврдуваат во општинскиот комитет во Битола ниту, пак, ја демантираат. Наши извори велат дека веста се проширола низ градот пред да стигне решението од централата на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и оттаму е нивната резервираност околу потврдата на информацијата.

Но, интересно е што нашите извори велат дека Димитровски најверојатно ќе биде промовиран за нов лидер во Битола токму на денот кога опозицијата и Заев ќе фрлаат „бомби“ во градот за криминалот на локалните моќници од владејачката партија.

Изборот на Димитровски за прв човек во општинскиот комитет на партијата на власт во Битола, според нашите, извори не е случен. Тој е еден од најмладите директори што раководат со државна институција во градот. На негово конто се препишуваат враќањето на киното во Битола, заживувањето на фестивалот „Браќа Манаки“, како и познатиот фестивал „Музика од светот“, со кој пред битолчани неколку години со ред успева да донесе познати музички имиња од сите страни на светот.

Од друга страна, битолчани не го доживуваат Димитровски како партиски војник, туку како урбан човек кој би можел да направи добра релација помеѓу старото членство на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, но во исто време да привлече нови неопределени гласачи.

Меѓутоа, дел од битолската политичка јавност смета дека тој со овој избор во ова време е втурнат во голема неизвесност заради тоа што на партијата веројатно ѝ престојат големи потреси, со оглед на политичката криза и „бомбите“ на Заев.

А.Б.

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници и палестински...

Лажна е фотографијата со холивудскиот знак во пламен

Организацијата која го одржува знакот и управува со своите веб-камери, објави на Инстаграм дека фотографиите на споменикот во пламен се лажни Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографија од знакот Холивуд во Лос Анџелес како гори...

Претседателот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите

Синдикатот на УПОЗ ги отфрла обвинувањата од владата за политизација на протестите, истакна претседателот Трпе Деаноски на денешниот протест пред Министерството за култура. „Секој обид на Владата или политичките партии да докажат...

Ова видео од пожарите во Лос Анџелес е креирано со вештачка интелигенција

Видеото не се појавува во ниту една снимка од кредибилни новински агенции или светски медиуми, коишто широко известуваат за пожарите во Лос Анџелес. Проверувачите на факти на Њуз Метер пишуваат дека...

Официјално е постигнат прекин на огнот меѓу Хамас и Израел

Официјално по едни од најстрашните 15 месеци поминати во војна, Израел и Хамас постигнаa договор за прекин на огнот во Газа, кој ќе доведе до постепено ослободување на заложници...