fbpx

Заев се сретна со белгискиот министер Рејндерс и со турскиот амбасадор Солендил

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во две одделни средби се сретна со министерот за надворешни работи и за европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, и со амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Солендил.

На средбата со белгискиот министер Рејндерс разговарале за нарушените слободи и права на граѓаните, узурпацијата на правосудството, на медиумите и на државниот систем од власта и за можните излезни решенија, информираат од СДСМ.

– Нов републички јавен обвинител, нов обвинител за организиран криминал, средување на состојбите во медиумската сфера и преодна влада која ќе ги организира и спроведе следните избори во Македонија се инсистирањата на СДСМ во насока на излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија – изјавил Заев на средбата со министерот Рејндерс.

Од СДСМ му посочиле на министерот Рејндерс дека се решени да ги вратат слободата и демократијата во Македонија и дека од тоа нема да има отстапки.

Со амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Солендил, пак, било разговарано за актуелната политичка ситуација и за можностите за решавање на политичката криза.

– Откривањето на „Вистината за Македонија“ ќе стави крај на недемократското владеење што го наметна оваа власт во изминативе девет години, узурпирајќи ги институциите на државата и слободната волја на граѓаните – изјавил Заев на средбата со амбасадорот Солендил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...