fbpx
Таг: Битола

таг: Битола

Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола со 10 награди се врати од Финска

Десет награди на интернационалниот ликовен фестивал за деца и за младинци, што синоќа заврши во финскиот град Хивинка, освои Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ - Битола. Коста Хаџиантоновски, раководител на студиото, вели дека освоените одличја ја дополнуваат исклучително успешната година на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“, чии членови од секој меѓународен фестивал се враќаат со награда. Членовите на детското ликовно студио...

Опозицијата почнува со трибини низ Македонија

Дебатите, како што посочи лидерот на СДСМ Зоран Заев, почнуваат од Битола
Опозицијата денеска треба да ги почне трибините низ Македонија, на кои со граѓаните ќе се разговара за актуелните политички случувања. Дебатите, како што посочи лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнуваат од Битола. По вчерашната средба со Андреј Жерновски од ЛДП и со лидерот на НСДП, Тито Петковски, Заев изјави дека ги потврдиле ставовите дека опозицијата не се враќа во парламентот.

Повеќе од 1.000 битолчани маршираа за чист воздух

„Воздухот е живот, воздухот е право“ и „Ставете ги маските“ се само дел од пораките што ги скандираа битолчани на вечерашниот протест на кој побараа здрава животна средина и чист воздух. На Широк сокак се собраа повеќе од 1.000 граѓани, а меѓу нив и мали деца и старци, упатувајќи силна порака до надлежните дека „Битола сака чист воздух“. Учесниците на протестот своите...

Битолската поп-дива Билјана Дамјановска стана почесен конзул на БИХ

Битолската дива Билјана Дамјановска-Јанчевска е именувана за почесен конзул на Босна и Херцеговина во Република Македонија. Додека конзулатите на Велика Британија, Словенија и Хрватска отидоа под клуч, Босна и Херцеговина, на изненадување на поголем дел од јавноста, отвори свое претставништво на Широк сокак. Целта на новоотвореното конзуларно преставништо е продлабочување на економската и на културната соработка меѓу двете земји,...

СДСМ: Долго време требаше ВМРО-ДПМНЕ да го признае загадувањето во Битола

ВМРО-ДПМНЕ го призна загадувањето на воздухот во Битола, по многу алармирања од  СДСМ, изјави денеска претседателот на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Битола, Васко Ковачевски. Тој посочи дека освен признанието, не е преземена сериозна мерка, туку само комичен обид. - ВМРО-ДПМНЕ го призна проблемот со загадувањето на воздухот во Битола. Но, наместо да преземе контретни мерки и да се...

Утре во Битола протестен марш поради загадениот воздух

Во Битола ќе се протестира и маршира поради загадениот воздух и тоа во очи на доделувањето на четвртоноемвриските награди на Општината. Здружението на граѓани „За нас се работи“, за утре (04 ноември) најави голем протестен марш на Широк сокак. Протестот ќе почне во 18 часот и 45 минути. Според Горан Пинза, претставник на Здружението, целта на овој марш е поставување на мерна станица...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...