fbpx
Таг: Битола

таг: Битола

Црна Река се прелеа кај селото Вашарејца

Црна Река се излеа кај пелагониското село Вашарејца и поплави земјоделски површини, потврдуваат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола. Стравувањата на надлежните во Пелагонија за излевање на Црна Река се остварија по синоќешниот силен дожд во овој регион. Нивото на Црна достигна 3,98 метри и се излеа на неколку места во атарот на Тополчани и во селото Вашарејца,...

Загадување: Честички милион – акција нула

Загадувањето на воздухот изминатите неколку дена е на многу високо ниво. Во Скопје, Тетово, Битола и во Велес, каде нивото на канцерогените ПМ10-честички е високо над дозволеното, граѓаните цела зима дишат отров. Вчера Градот Скопје издаде мерки од прв степен (препораки), кои треба да се преземат за да се намали загадувањето. Еколошите здруженија велат дека загадувањето најмногу доаѓа од сообраќајот,...

СОНК: Се разубедуваат наставниците од Битола да не штрајкуваат

Со јавувања по телефон или средби во четири очи, се разубедуваат членовите на СОНК во Битола за утре да не штрајкуваат, тврди регионалната претседателка на СОНК во Битола, Фанче Јошевска. Според неа, во последниве денови просветни работници од Битола постојано се јавувале во регионалната канцеларија на СОНК да се пожалат дека имаат притисоци од своите надлежни или од други личности...

По три години проработи мерната станица Битола-2

По речиси три години пауза, проработи мерната станица за квалитет на воздухот Битола-2, сместена во центарот на градот, кај Јавното претпријатие „Стрежево“. Податоците за загаденоста на амбиенталниот воздух од новите мерења се алармантни. Инструментите на станицата за викендов измериле од 1.000 до 800 микрограми на еден метар кубен суспендирани честички ПМ10 во воздухот, во зависност од времето. Оваа вест колку ги...

Четворица битолчани нападнале полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против битолчаните И.Л. (32), А.С. (31) и Б.Т. (20) поради сомневање дека нападнале службено лице при вршење работи на безбедноста, додека против И.Л. и П.Д. (28) е поденсена пријава и за насилство. На Б.Т., И.Л. и на П.Д. им е одреден притвор во времетраење до осум дена. Како што информира МВР, вчера околу 10.15 часот,...

Наместо да бидат посвоени, децата од домот во Битола се враќаат кај биoлошките родители

Нов тренд се практикува во Домот за доенчиња во Битола и наместо да бидат посвоени, децата се враќаат кај биолошките родители. Во последните две години, од Домот за доенчиња во Битола повеќе од десет напуштени бебиња и мали деца се вратени кај своите мајки. Она што е интересно е што службите на домот и на Центарот за социјални работи во Битола успеале...

Битолчани ги испокршија рацете и колковите на мразот

Битолачани ги испокршија рацете и колковите на мразот што ги закова улиците низ градот. Неисчистените тротоари , студот и мразот и оваа зима го наполнија одделот за ортопедија во Клиничката болница во Битола. Повеќе од 20 битолчани се згрижени во последните два дена. Најмногу од нив се со скршени раце, а дури седум со скршени колкови, потврдуваат од болницата. - Значително е...

„Паркети“ со нов албум

Албум со име „Република Франкештајн“ најави групата „Паркети“. Во меѓувреме, таа издаде и две песни на српски јазик, кои беа добро прифатени во регионот.  

Битолски села покрај грчката граница четири дена се без струја

Битола утрово се разбуди на -18 Целзиусови степени. Студот ги окова во мраз Драгор и Црна Река. Неколку села покрај македонско-грчката граница веќе четири дена се без струја. Од 30 декември, кога првпат падна снег во Битолско, пограничните села Лажец, Породин, Кишава и Острец се без електрична енергија, потврдуваат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола. Исто така,...

Денеска почнува ски-сезоната на Пелистер

Почнува скијачката сезона на Пелистер. Од денеска битолчани можат да уживаат во скијањето на ски-центарот Копанки. Новина за оваа година е што ски-патеката е подолга за 600 метри, а ставен е во функција и ски-лифтот. Така, сега се добива скијачка целина со патеката од жичарницата од 1.300 метри. Ски-лифтот има капацитет да пренесе 600 посетители на час, со тоа се намалува...

Студот ја приклешти Битола

Студот и мразот ја приклештија Битола. Утрово во градот под Пелистер температурата се спушти до -14 Целзиусови степени. Студот ги остави битолските улици речиси празни. Битолчани имаат искуство со поларниот студ во 2011 и во 2006 година кога температурата се спушти и до -38 степени. Поради испад на 10-киловолтен далновод, од вчера без струја се пограничните села Породин и Лажец,...

Битолските студенти со порака до власта: Лажете, немаше јавна расправа

„Стоп за лошите реформи“,„Лажете, немаше јавна расправа“, „Разговарај разумно со тиранин и тој ќе те нарече глупак“, беа само дел од паролите и од скандирањата на битолските студенти што денеска неколку часа маршираа низ Широк сокак, за уште еднаш да го искажат свој став против реформите во образованието. По завршувањето на маршутата, студентите запреа пред зградата на Ректоратот и седнаа на...

Чија е камерата на „А1он“?

Советниците од владејачката партија во битолскиот Совет на денешната седница побарале да се отстрани камерата на „А1 он“ од салата, а од порталот да дадат потврда дали камерата е нивна, тврдат советници. Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој воедно е и портпарол на локалниот разгранок на партијата, Благој Шаклевски, откако почнала седницата и расправата за првата точка од дневениот ред, побарал да...

Калиопи прва ќе им ја честита Нова година на битолчани

Поп-дивата Калиопи ќе ги забавува битолчани за најлудата ноќ на плоштадот Магнолија, соопшти локалната самоуправа од Битола. Покрај неа, битолчани на неколку часа пред почетокот на новата 2015 година ќе уживаат и во музиката на повеќе групи од градот, како „Памперси“, „Паркети“, „Боеми“, Сефедин Бајрамов. На забавата меѓу специјалните гости ќе бидат Ламбе и Лозано. Калиопи денска во Битола беше задоволна што...

Сите нè трујат, за мерките ќе почекаме

Загадувањето во Скопје измерено во 13 часот изнесува 161,83 микрограми на еден кубен метар, што е за трипати повеќе од дозвелените 50 микрограми. Моментално, според податоците од страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, стои дека многу високо ниво на ПМ10-честичките е забележано во скопските населби Центар, Гази Баба и на мерната единица Ректорат, како и во општина Тетово....

„Со љубовта шегување нема“, нова премиера на Интимен театар – Битола

Интимен театар од Битола ја подготвува својата нова премиера за претставата со провокативен наслов „Со љубовта шегување нема“. Претставата е во режија на Софија Ристевска, а е работена по текст на Алфред де Мисе и на самата режисерка. Премиерата ќе биде четири дена пред Нова година, в сабота, на 27 декември, во 20 часот, на сцената на Интимен театар...

Зошто да одите во странство кога можете да останете и да инвестирате тука

Превенција на одливот на таленти, намалување на невработеноста и понатамошно развивање на претприемаштвото. Ова накусо е целта на проектот „Зошто да одите во странство кога можете да останете и да инвестирате во вашата држава?“, на здружението на граѓани ЦЕФЕ-Македонија, кој денеска ја имаше својата промоција во Битола. Проект-менџерот Јован Сталевски вели дека проектот нема да поставува бариери или граници, туку...

Седум предновогодишни вработувања во Народниот театар во Битола

Седум нови вработувањата пред Нова година ќе го освежат ансамблот на битолскиот народен театар. Двајца режисери, двајца драматурзи и исто толку актери, како и еден шивач се новоотворените работни места. Голем број кандидати за сите работни места деновиве се појавиле пред стручните комисии, особено за вработување актери. Вработувањата се одобрени од Министерството за култура, вели првиот човек на театарот во...

Битолскиот театар подготвува две нови премиери

Две претстави од вчера почнаа да се подготуваат во Битолски народен театар. Едната е драма, а другата комедија. Првпат во БНТ ќе режира Андреј Цветановски, кој ја подготвува претставата „Хелверова ноќ“ од полскиот писател на драми, Игмар Вилквист. Во претставата играат Соња Михајловска и Маријан Ѓоргиевски. Режисерот Цветановски вели дека оваа драма е современ полски текст, кој зборува за еден дом и...

Битолски екологисти: Градоначалникот Талески да прави разлика помеѓу политика и партија

Градоначалникот Талески мора да прави дистинкција помеѓу партиско и политичко дејствување, го посоветуваа членовите на здружението „За нас се работи“ откако тој вчера обвини дека нивните активности имаа„политички намери“. Два дена пред најавениот втор протестен марш на здружението, кое бара почист воздух во Битола, активистите испратија порака до градоначалникот: „Не сакаме да омаловажуваме ниту, пак, сметаме дека тоа е начин...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...