fbpx

СОНК: Се разубедуваат наставниците од Битола да не штрајкуваат

-

Со јавувања по телефон или средби во четири очи, се разубедуваат членовите на СОНК во Битола за утре да не штрајкуваат, тврди регионалната претседателка на СОНК во Битола, Фанче Јошевска.

Според неа, во последниве денови просветни работници од Битола постојано се јавувале во регионалната канцеларија на СОНК да се пожалат дека имаат притисоци од своите надлежни или од други личности да се откажат од штрајкувањето. Но, за жал, немаат писмени докази за тоа бидејќи средбите најчесто биле во четири очи, без сведоци или на мобилен телефон.

– Одлуката што членовите на СОНК ја донесоа за генерален штрајк ќе се испочитува до крај. Утре штрајкот ќе почне во Битола и во Битолско иако се јавуваат наставници кај мене и се жалат дека имаат притисоци на средби во четири очи и, исто така, по телефон од извесни личности да се откажат од одлуката за штрајк. Им порачуваме на сите нив дека штрајк ќе има – вели Јошевска.

Вчера градоначалникот на Битола, Владимир Талески, и директорите на основните и на средните училишта во градот, по заедничката средба излегоа со повик до учениците и до родителите дека утре почнува второто полугодие во Битола со редовна настава.
А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...