fbpx
Таг: Битола

таг: Битола

Студентите од Битола со порака до Владата: Не сме експериментални глувци

„Сега ќе нè слушнете“, „Лесно ви е вам, никогаш не сте студирале“, „Индексот е книшката“, „Екстерно за Владата“ и „Стоп за лошите реформи во образованието“, беа само дел од паролите што ги скандираа студентите и средношколците од Битола на денешниот протест на кој масовно маршираа низ градот. Преку илјада млади, но и возрасни битолчани, почнувајќи пред Техничкиот факултет во Битола, повеќе...

Јапонската опера на гости во Битола

Јапонската национална опера од Токио, заедно со МОБ, в недела, на 14 декември, гостува во Битола. Јапонците ќе ја изведат операта „Ноќен жерав“ од авторот Икума Дан, работена по мотиви на традиоционална јапонска бајка. Операта ќе биде под диригентската палка на Мазахико Окочи, а во претставата ќе настапат солистите Нобуко Такахаши, Мотохару Аојаги, Јуки Такахаши и Шигеки Мине. Режисер е Кацухиро Котецу. -...

„Ослободување на Скопје“ ја сними последната клапа во Битола

Последната клапа од снимањето на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, се сними денска и тоа во Офицерски дом во Битола, една од најимпозантните градби во градот на конзулите. Според режисерот Раде Шербеџија, снимањето на филмот ќе биде целосно завршено за седум дена, а потоа следуваат постапките за негова финализација, пред негово прикажување. Режисерот Шербеџија најави дека се надева...

Битолчани в сабота на нов протестен марш за чист воздух

Битолчани од здружението „За нас се работи“, в сабота организираат нов протестен марш пред седиштето на Општина Битола. Членовите на здружението најавија дека бидејќи сабота ќе биде работен ден, во 11.30 часот ќе се соберат пред Офицерскиот дом, па преку Широк сокак, пред судовите, ќе се упатат до зградата на Општината. Се надеваат дека градоначалникот Владимир Талески и целата администрација...

По дождот во Пелагонија, критичен водостојот на Црна Река

Секоја капка дожд во Пелагонија плива над почвата, а есенската сеидба е крајно неизвесна дали и кога ќе заврши, сметаат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола, напоменувајќи дека дождовите во изминатите денови го зголемија нивото на Црна Река на критичните 3,60 метри, ако се знае дека нејзиниот капацитет е 4,30 метри. - Високиот водостој на Црна и воопшто состојбите...

Битолчанка заврши во болница откако мажот ѝ ја претепал

Четириесет и едногодишна жена вчера е донесена во Клиничката болница во Битола со повреди во пределот на телото, градниот кош и на главата. Случајот е пријавен во полиција, по што полициски службеник извршил разговор со повредената. Жената на полицијата ѝ соопштила дека сопругот, во период од 14 до 16 часот, физички ја малтретирал, ја удирал со тупаници и со клоци...

(ФОТО) Новите живеалишта ја наполнија битолската зоолошка градина

Сите патишта ова саботно претпладне водеа кон Зоолошката градина во Битола. Сончевото време и пријатните температури ги примамија битолачни, но и граѓаните од околните градови, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, да ги видат новите реконструирани живеалишта на станарите на зоолошката и да се забавуваат на големиот музички настан. Комичарот Марјан Ѓоргиевски, како водител на настанот, воодушеви со своите шеги, а неколкуилјадната...

Наместо ликвидација, битолската Зоолошка градина доби шанса за живот

Мечката, рисот, лавот, тигарот, лисицата, ракунот, мајмуните ќе добијат реконстрирани живеалишта во битолската Зоолошка градина. Нова фарма за домашни животни, нов влез и билетарница. Ова се дел од новите содржини што ќе бидат промовирани утре (сабота) на голема прослава во Битола. Години наназад на Зоолошката градина во Битола ѝ се закануваш клуч на вратите, поради многу проблеми со несоодветните живеалишта, немањето канализација...

Сакаме работа и плата според образованието

Повеќе од 70 фирми од Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и воопшто од преспанско-пелагонскиот регион, денеска се претставија на Саемот за вработување во Битола. Холот на театарот беше претесен да ги собере сите што си ја бараа среќата за ново работно место. А ги имаше и оние, кои во поодминати години бараа работа на четири часа, само за да можат да заработат денар плус...

За битолските еколози, Денот на дрвото е чисто лицемерство

Наместо да садат нови садници, битолските еколози од здружението „За нас се работи“ ги повикаа битолчани да даруваат крв на Денот на дрвото. Акцијата ќе трае од 11 до 16 часот, во просториите на здружението во соработка со Црвениот крст од градот. - Лицемерно е 364 дена во годината да се однесувате неодговорно кон природата, а само еден ден да садите...

В четврток, Саем за вработување во Битола

В четврток, во Битола ќе се одржи Саем за вработување, во организација на Агенција за вработување на Република Македонија. Повеќе од 70 компании од различна дејност ќе се претстават пред битолчани на 4 декември, од 11 до 14 часот, во просториите на битолскиот театар.

В сабота ќе бидат промовирани нови живеалишта во битолската Зоолошка градина

В сабота (6 декември), со почеток во 11 часот, ќе бидат промовирани реконструираните живеалишта за мечката, рисот, лавот, тигарот, лисицата, ракунот, мајмуните и фармата за домашни животни, како и двата комплементарни објекти, влезот и билетарницата во Зоолошката градина во Битола. Реконструкцијата на живеалиштата e во рамките на проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин - ЗОО...

Битола се задолжува со кредит за инфраструктурата во поранешната касарна!?

Локалната власт во Битола ќе се задолжува со кредит за изградба на водовод и на канализација во касарната, тврди битолската опозиција во општинскиот Совет. Советникот на ЛДП, Александар Касаповски, предупредува дека Општината со буџет од 25 милиони евра, изгласа развојни програми за чијашто реализација планира да земе кредит од неколку милиони евра. - Битола со годишен буџет од речиси 25 милиони евра,...

Тешко повреден 60-годишен битолчанец во сообраќајката крај Битола

Тешко е повреден шеесетгодишен битолчанец во синоќешната сообраќајка на патот Битола - Прилеп. Сообраќајката се случила во саботата, околу 19.45 часот, на раскрсницита кај селото Кукуречани, кога се судриле „бе-ем-ве“ во тетовски регистраски таблички, управувано од жител на Демир Хисар, и „опел корса“ со битолски таблички. Повредениот Т.Б. го управувал „опелот“ и при судирот добил фрактура на ногата и набиеници по...

Новите вржени сериозна закана за Пелагониското поле

Новите врнежи од дожд го вклучија црвеното светло во Пелагонија. Почвата е презаситена со влага, па најавите дека врнежите од дожд ќе продолжат во текот на наредните денови ги вознемирија надлежните. - Ја следиме состојбата, но земјата веќе е презаситена со влага и ако продолжат вржените, ќе имаме проблеми - вели Димче Јошевски од Дирекцијата за заштита и спасување во...

Со претстава одбележана 70-годишнината на Битолскиот народен театар

„Генерациите си одaт, нови актери доаѓаат, но театарот останува“, ова накусо беше главната порака што екипата на Битолскиот народен театар ја испрати на 70-годишнината од своето постоење. Во преполната сала на Центарот за култура во Битола, публиката синоќа уживаше во од душа направената театарска претстава на целокупната екипа на театарот, од актерите, па сè до помошниот персонал и администрацијата, речиси...

Битолчанец почина набоден на рогови од сопствениот бик

Средовечен битолчанец синоќа почина откако бил нападнат од бик од сопственото стадо, сооппшти СВР Битола. Инцидентот се случил во демирхисарското село Брезово, додека, сега починатиот, Симе Ѓ., го напасувал својот добиток. Бикот, тежок неколку стотици килограми, го нападнал Симе Ѓ., нанесувајќи ми тешки повреди по главата и на телото. Повредениот маж веднаш бил пренесен во Здравствениот дом во Демир Хисар, но...

Судот во Хаг ќе одлучува за сопственоста на Јени џамија во Битола

ИВЗ ќе бара од меѓународниот суд во Хаг да пресуди за сопственоста на Јени џамија, еден од најрепрезентативните историски споменици од отоманската архитектура во Битола. ИВЗ ја тужи државата Република Македонија за да си го врати во владение овој верски објект. Заводот и музеј Битола, пак, најави дека џамијата за многу кратко време ќе стане музеј со галериски простор. Битолското муфтивство тврди дека...

Милошоски: Заслужуваме да бидеме рамноправна членка на НАТО

Во бесмислената војна, пред 100 години, загинаа многу млади војници, но најголемата жртва на ова поднебје беше Македонија, истакна потпретседателот на Собранието на Република Македонија Антонио Милошоски, на Француските воени гробишта во Битола, каде што денеска беше одбележан денот кога во 1918 година беше потпишано примирјето меѓу завојуваните страни. - Пред 100 години многу млади војници, Французи, Германци, беа жртви...

Интерпелација за претседателката на битолскиот совет, Силвана Ангелевска!?

Советникот на НСДП од Битола, Благојче Котевски, денеска на седница на Совет побара интерпелација за претседателката на советот, Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ. Советникот обвини дека таа недолчино се однесува на седниците на Совет, дека во изминатите две години ги деградира и омаловажува советниците од опозицијата, особено тие што се обидуваат од говорница да ја критикуваат работата на локалната власт и...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...