fbpx

Битолскиот театар подготвува две нови премиери

-

Две претстави од вчера почнаа да се подготуваат во Битолски народен театар. Едната е драма, а другата комедија.

Првпат во БНТ ќе режира Андреј Цветановски, кој ја подготвува претставата „Хелверова ноќ“ од полскиот писател на драми, Игмар Вилквист.

Во претставата играат Соња Михајловска и Маријан Ѓоргиевски.

Режисерот Цветановски вели дека оваа драма е современ полски текст, кој зборува за еден дом и за надворешните влијанија врз единката од домот, односно за тоа како надворешните притисоци го растураат живеењето во домот.

– Ова е една универзална приказна за односот на општеството кон човекот и на човекот кон општеството. Дејството се случува во нацистичка Германија, за време на Втората светска војна – вели режисерот Цветановски.

Премиерата на „Хелверова ноќ“ се очекува да биде во февруари следната година.
Во исто време, на една од сцените на БНТ течат подготовките за претставата „Кокошка“ од авторот Николај Кољада, во режија на актерот познат по своите стендап-комедии, Марјан Ѓоргиевски.

Оваа претстава е магистерски труд на Ѓоргиевски, за кој, тој во свој стил ќе рече „Ај да не кажеме дека се оддадов од пари за магистерската, за да станам мастер“.

– Завршувам магистерки студии, последна класа кај универзитетскиот професор и режисер Слободан Унковски, а ова ќе биде мој завршен труд. Претставата се занимава со површниот банален живот на една група актери, кои живеат и работат во мал паланечки, провинциски театар. Една вечер решаваат да го променат својот живот и да отвораат многу големи теми. И тука се случува сè – вели актерот и режисер Марјан Ѓоргиевски.

Во „Кокошка“ ќе играат Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска, Соња Ошавкова, Александар Димитровски и Николче Пројчевски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...