fbpx

Наместо да бидат посвоени, децата од домот во Битола се враќаат кај биoлошките родители

-

Нов тренд се практикува во Домот за доенчиња во Битола и наместо да бидат посвоени, децата се враќаат кај биолошките родители. Во последните две години, од Домот за доенчиња во Битола повеќе од десет напуштени бебиња и мали деца се вратени кај своите мајки. Она што е интересно е што службите на домот и на Центарот за социјални работи во Битола успеале и по три години од напуштањето на децата, повторно да ги зближат со нивната билошка мајка, иако практиката е биолошкиот родител до девет месеци од возраста на детето да се изјасни дали ќе го повлече или не.

– Ние, како институција, заедно со Центарот за социјални работи од Битола, веќе работиме на една нова практика децата да се вратат кај својата биолошка мајка. Ова особено ни успева кај оние радители кои иако ги оставиле децата кај нас, постојано се интересираат за нив. Така не само бебиња до три месеци, туку и поголеми деца до три години успеавме да ги згрижиме во домот на нивната мајка. Лани дури две поголеми деца ги вративме во семејството на мајката – вели Наташа Младеновска-Лазаревска, директорка на Домот за доенчиња и мали деца во Битола. Сепак, таа нагласува дека на зближувањето на децата со билошките родители се работи исцрпно и само доколку има реални услови за враќање на детето кај мајката, а не по секоја цена.

Само минатата година, повеќе од 50 деца биле напуштени од своите биолошки родители и оставени во домот во Битола. Во исто време, речиси секоја година педесеттина деца одат на посвојување.

Во моментов во оваа институција во Битола својата шанса за родителска грижа ја чекаат осумдесетина доенчиња и мали деца. Бројка која е значитело помала од една година кога заради законски процедури запре посвојувањето на децата, па во Домот во Битола имаше повеќе од 120 деца што чекаа посвојување.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...