Груевски призна дека преговарал за името и се обиде да ја деактивира „бомбата“?

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски, во говорот на собирот во Битола, направи обид да се амнестира од евентуална „бомба“ за името и ја подготви јавноста и членството за еден ваков чин.

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, неколкупати најави дека поседува снимки од кои, наводно, ќе се види „кој го продавал името“.  

Груевски во врска со името, прв пат досега, говори за политичари кои „разговараат и преговараат, прифаќаат, нудат, одбиваат“, како и за „притисоци, уцени, понуди или закани“. 

Тој, многу индикативно, вели дека „ако некој нешто усогласи, договори, вети или прифати, не може финалниот збор да го имаат политичарите, министрите, премиерот или претседателот“ и по вторпат спомна подлегнување на „притисок, на закани, на уцени или што ли не“, односно дека „еден, два, пет, 15 или 150 политичари, луѓе, може и да згрешат и да се во заблуда во еден или во друг правец, да подлегнат на притисок, на закани, на уцени или што ли не“.

Интересно е што премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се спомнува и себеси, но и претседателот, како и други министри и политичари кои „разговараат и преговараат, прифаќаат, нудат, одбиваат“, но кои нема да го имаат финалниот збор, како што вели, „ако некој нешто усогласи, договори, вети или прифати“.

Груевски, во тој контекст, нагласи и дека „целиот народ, преку референдум, ќе каже дали некоја идеја, дали некој предлог или решение, е добро или не, и тоа, и само тоа, може да биде финалниот одговор на Република Македонија“.

Веројатно треба да ја чуеме „бомбата“ за името, па да стане јасно кој што „усогласил, договорил, ветил или прифатил“ и зошто премиерот одеднаш реши да проговори.

Еве го интегрално делот од говорот на Никола Груевски кој се однесува на името:

– Кога во раните деведесетти СДСМ беше на власт, а грчките партии организираа милионски митинзи само за да ни порачаат дека Македонија била грчка, народот во Македонија немаше шанса да даде соодветен одоговор. Затоа, нашата позиција, меѓу другото, вели: да, политичарите ќе разговараат и ќе преговараат, прифаќаат, нудат, одбиваат. Нешто ќе им се види добро, нешто лошо. Некои без, некои под некакви притисоци, уцени, понуди или закани, сè може да прават, но ако некој нешто усогласи, договори, вети или прифати, не може финалниот збор да го имаат политичарите, министрите, премиерот или претседателот, туку целиот народ, кој преку референдум ќе каже дали некоја идеја, дали некој предлог или решение е добро или не и тоа, и само тоа, може да биде финалниот одговор на Република Македонија. Еден, два, пет, 15 или 150 политичари, луѓе, може и да згрешат и да се во заблуда во еден или во друг правец, да подлегнат на притисок, на закани, на уцени или што ли не, но тоа нема да помине кај целиот македонски народ и сите граѓани на Македонија. Да беше така, на почетокот на 90-тите кога СДСМ одлучуваше наместо народот, друга ќе беше ситуацијата и позицијата по ова прашање сега.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање на седницата...

ТикТок ја изгуби жалбата во САД, апликацијата сè поблиску до забрана

Обидите на ТикТок за поништување на законот според кој апликацијата ќе биде забранета или продадена во САД од почетокот на 2025 година се отфрлени, пренесе Би-би-си. Компанијата се надеваше дека федералниот апелационен...

ДУИ со писмо до САД, ЕУ и НАТО, бара акција за да се зачува мирот и да нема дестабилизација

Демократската унија за интеграција (ДУИ) испратила писмо до САД, Европската Унија и НАТО, во кое ги повикува на решителна акција за, како што пишува, да се спречи поткопување на мирот и...

Од ветени и 5 отсто данок на добивка, сега следи „усогласување“ од 15 отсто

Премиерот најави законско усогласување со кое дел од големите компании во земјата ќе плаќаат данок на добивка од 15 отсто. Иако тоа усогласување е спроведување на меѓународна обврска на земјата, таквата...

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...