fbpx

СДСМ: Молбите на Груевски до граѓаните се доказ за неговата безнадежност

-

Никола Груевски, по девет години масакр на правната држава, на економијата, на демократијата што ја претвори во режим, денеска излезе пред граѓаните да моли за нова шанса, за „новиот тест“ пред кој се нашол, стои во реакцијата на опозицискиот СДСМ по народниот собир на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

Според СДСМ, говорот на Груевски е доказ за неговата безнадежност поради која тргна да ја врти Македонија.

„Стекнал искуство, вели. Како да некој се сомнева во тоа. Слушнавме како вешто купувал парцели преку рајски канали, како ги цепкал за да ги сокрие, како мамел сопартијци да протестираат за да му ги штитат парите, како научил да користи динамит за да крева во воздух објекти на неистомисленици, како местел политички опоненти во затвор, како поставувал обвинители и судии за да ги штитат интересите на неговата фамилија, како манипулирал со човечки судбини. Прислушувал, следел, се навикнал сето нанесено зло сеирџиски да го гледа, уживал во овие одвратни сцени што ги менаџирал преку медиумите под негова контрола“, стои во реакцијата.

Од партијата наведуваат дека сценаријата на Никола Груевски и на тесната група околу него се откриени и го повикаа да не помисли да се обиде да калкулира за лични цели, каква што намера покажува.

„Дојде моментот на соочување со реалноста. Груевски повеќе не може да се надева на преодна оцена“, стои во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...