fbpx

Кирацовски: Чесните вработени во МВР да го расветлат случајот со опожареното возило

-

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, денеска, на прес-конференција во Битола, побара од, како што рече, чесните вработени во МВР да го расветлат вчерашниот инцидент кога беше опожарено возилото на битолчанецот Марјан Јовановски, активист на СДСМ во Битола.

Кирацовски вели дека јавноста во Битола со право регира ако се земе предвид дека инцидентот следува само неколку дена по масовниот митинг на СДСМ во Битола и по обелоденувањето на скандалозните докази за инволвираност на локалната и на извршната власт во противзаконски и во криминални цели.

– Очекуваме од чесните вработени во МВР, а убедени сме дека такви има, професионално да го расветлат сомнителниот случај во којшто е запалено возилото на истакнат активист на СДСМ во Битола – рече Кирацовски.

Јовановски од говорницата на СДСМ во Битола, пак, рече дека ниту должи пари ниту, пак, некому нанел зло туку дека палењето на неговото возило е закана поради неговата активност на социјалните мрежи и поради острите критики кон власта.

СДСМ преку хуманитарна акција ќе се обиде да му надомести дел од штетата на Јовановски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...