fbpx

Со големи маки почна сеидбата во Пелагонија

-

Под многу тешки услови, почна сеидбата на житните култури во Пелагонија.

Во поплавените подрачја махнизацијата тоне во кал, а таму каде што нема доволно влага, земјоделците се молат да падне дожд. Земјоделците велат дека ако наскоро не заврне, пченицата, јачменот и маслодајната репка не ќе може да вегетираат. Оние, пак, од поплавените региони, се молат сонцето да ја исуши земјата за да може да почнат со сеидбата.

– Сеидбата почна, но сите сме на големи маки. Таму каде реката Црна направи поплави, механизацијата ни е заглавена в кал, а таму каде што поплавите не стасаа да направат пустош, земјоделците молат да падне дожд. Земјата е сува и повторно е тешко да се влезе во нивите. Засега посеани се само минимални 2 до 3 проценти од пелагониското поле во општината Новаци – вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци на Македонија.

Земјоделците велат дека годинава се доцни со сите рокови што се однесува до пролетната сеидба и затоа, како што велат, науката мора да излезе на терен и да ги советува земјоделците како да се справат со последиците.

– Висок процент, од 30 до 40 отсто од површините под пченица и под јачмен се нападнати со болести. Ако стручните луѓе не им ги разјаснат промените и не им кажат начини на земјоделците како да се справат со болестите кај житните култури, последиците ќе бидат многу пострашни – предупредува Тантаров.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...