fbpx

На Француските гробишта во Битола се гради музеј за жртвите од Солунскиот фронт

-

Нов музеј посветен на жртвите од Првата светска војна, односно Солунскиот фронт, се гради на Француските гробишта во Битола. Камен-темелникот го постави државниот секретар за поранешни борци и историски настани на Француската Република, Жан-Марк Тодешини.

– Населението што страдаше во војната, особено жителите на Битола, но и сите жители на Македонија заслужуваат посебна почит. Битола, за време на таа војна, беше погодена од голем број страшни и ужасни бомбардирања, но и покрај големите загуби, населението упорно покажувало голема смелост и непоколеблива верба во победа. Денес преку овие споменици, Битола сведочи, раскажува и пренесува и така ќе продолжи во иднина – рече Тодешини, државниот секретар за поранешни борци и историски настани на Француската Република.

На Француските гробишта во Битола денеска се одржаа сеќавања за Првата светска војна и за жртвите од војната во периодот 1914-1918 година.

Во градот на конзулите, Тодешини денеска отвори изложба на фотографии кои се дел од богатото наследство на браќата Манаки, направени за време на Првата светска војна во Македонија.

Почесниот конзул на Франција во Република Македонија, Калиопа Кривашија-Стилиновиќ, е одликувана со медал на Легијата на честа, а со медал на националната одбрана, од златен ред, беше одликуван и полковникот Енвер Јакупи, поранешен македонски аташе за одбрана во Париз.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патоказот со ФИРОМ во Грција не е поставен сега, туку постои барем две години

Вакви патокази во Грција постојат барем две години, а некои и од пред потпишувањето на Преспанскиот договор. Поранешниот премиер Зоран Заев за грчките медиуми уште лани изрази очекување дека...