fbpx

ПЦЕР ќе поднесе кривична пријава за дискриминација против владини функционери

-

По објавените аудиоснимки во кои се навредува ромската популација, Партијата за целосна еманципација на Ромите најавува кривична пријава против министрите Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски. Претседателот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски, бара другите партии на Ромите кои се во Владата да дадат согласност за кривичната пријава.

– Јавно ги повикувам лидерите на ромските партии кои се наоѓаат во Владата, да дадат согласност за кривичната пријава што ја подготвува правниот тим на ПЦЕР. Во рок од три дена, ако не достават согласност за поддршка на кривичната пријава, нашата партија ќе смета дека другите ромски партии се сателит-партии на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Самка Ибраимовски, претседателот на ПЦЕР.

ПЦЕР преку електронска пошта, побарала од Комисијата за заштита од дискриминација да реагира за објавените аудиозаписи. Првичните тврдење на претседателот на комисијатa, Душко Миноски, дека нема никаква основа за кривично гонење се неосновани, вели Ибраимовски.

– Претседателот на Комисијата за дискриминација вели дека тоа било приватен разговор. Сакам да му укажам: ако на една маса разговараат четири лица и ако едниот вулгарно се изрази, односно ме дискриминира, јас можам со двајца сведоци да го тужам, да поднесам кривична пријава за дискриминација, омаловажување, ширење омраза и за расизам – вели Ибраимовски.

Претседателот на ПЦЕР реагираше и за укинатите социјални примања на ромските семејства. Побара Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, да ги разгледа решенијата за укинатата социјална помош.

– Во спротивно, ромските деца нема да ги пуштиме на училиште – додаде Ибраимовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...