Лани имало двојно повеќе случаи на шверц на мигранти од 2013 година

-

Минатата година полицијата открила 92 случаи на криумчарење мигранти, двојно повеќе во споредба со 2013 година, а кривични пријави биле поднесени против вкупно 166 лица, покажува статистиката на МВР.

Според евиденцијата на МВР, лани 1.750 лица илегално ја минале државната граница, во споредба со 1.132 лица во 2013 година. Од нив најмногу биле од Албанија (624), потоа од Сирија (570), од Авганистан (291) и од други земји од Блискиот и од Средниот Исток и од Северна Африка.

„Во однос на кривичното дело „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење мигранти“, откриени се 17 вакви кривични дела, во кои кривично се пријавени 43 сторители, а во рамки на овие активности, детектирани се и четири криминални групи кои имале 28 членови и организирале криумчарење мигранти од Блискиот и од Средниот Исток и од Северна Африка во западноевропските земји“, информираат од Министерството.

Полицијата лани открила и 19 случаи и поднела пријави против 32 лица за кривичното дело злоупотреба на безвизниот режим со земји-членки на ЕУ и на Шенгенскиот договор.

Од МВР информираат дека во Прифатниот центар во Скопје се сместени 838 илегални мигранти.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...