fbpx

Пленумците од Битола ноќеска останаа без струја во автономната зона

-

На минус 10 Целзиусови степени ја минаа ноќта пленумците од Битола, кои вчера прогласија автономна зона на Техничкиот факултет. Дваесет и пет студенти, момчиња и девојчиња, во студените простории спиеле само на стиропор и во вреќи за спиење. Згора на тоа, постојано им паѓале осигурувачите, па било невозможно да вклучат и грејни тела. На располагање имаат само две простории, од кои една ја користат за спиење, а другата како кујна.

Борис Николевски, член на „Студенстки пленум“, за „Мета“ изјави дека и покрај што го „јаделе“ големиот студ, остануваат во автономната зона сè додека МОН не им ги отвори вратите за преговири и не ги прифати нивните барања.

– Парното ни го исклучија, и за тоа знаевме уште попладнето, но во текот на вечерта само што ќе вкулчевме полнач од мобилен телефон, паѓаа осигурувачите и со часови останавме без струја и во ладни простории. Беше невозможно да вклучиме греалка. Така, случајно или не, на температура длабоко под нулата, останавме цела ноќ без греење – вели Николевски.

Што се однесува до храната и до потребните средства за хигиена, Николевски апелира до граѓаните за помош, особено зашто во текот на денот се собираат повеќе од стотина пленумци на алтернативните предавања и програмата која веќе им е осмислена.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...