fbpx

Се подготвува закон за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство

-

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска во Битола ги пушти во употреба новоизградените простории на НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, нов корисен простор за читателите од 500 квадратни метри, за што Министерството вложи 30,5 милиони денари, и најави дека во завршна фаза е подготовката на законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола годинава одбележува 70 години постоење, располага со фонд поголем од 600.000 книги и списанија и придонесува за стручната и научно-истражувачката дејност, предочи министерката Канческа Милевска на денешниот промотивен настан во овој град.

– Со оваа инвестиција, вредна повеќе од 30,5 милиони денари, издвоена од буџетот на Министерството за култура, заврши целосната надградба на библиотеката, завршена е фасадата на стариот дел од библиотеката и се обезбеди функционален простор за читателите со повеќе од 100 седишта, простор за преслушување музички изданија, како и простор за трибини, семинари и за други манифестации со можност за симултан превод -истакна Канческа-Милевска.

За време на денешната посета на Битола, министерката оствари средба и со директорите на националните установи од областа на културата, како и со градоначалникот Владимир Талески, и ги најави најважните капитални проекти што ќе се реализираат годинава во Битола.

– Оваа година, во согласност со проектот за обнова и за конзервација на повеќе фасади со автентична стара градска архитектура, во Битола ќе се работи на три значајни објекти, односно конзервација и реставрација на фасадите на државното музичко училиште, гимназијата и на безистенот. Тоа се објекти со прекрасна автентична архитектура, карактеристична за Битола и бидејќи надлежната инстуција ги изработи проектите, обновата на фасадите ќе почне во април – потврди Канческа-Милевска.

На средбата со новинарите во Битола, министерката Канческа-Милевска истакна дека во НУ Завод и Музеј-Битола ќе се работи на осовременување на четири археолошки депоа, проширување на музејската поставка, а во рамките на проектот за зајакнување на културното наследство преку планирање на животната средина и менаџментот, познат како „Шер-план“ поддржан од ЕУ, изработен е стратегиски план и наскоро ќе биде промовиран.

– Значајно за Битола е и тоа што во завршна фаза се подготовките за донесување на законот за прогласување на старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење. Со овој закон ќе се уредат клучните прашања во поглед на заштитата на споменичната целина на старото градско јадро на Битола -истакна Канческа-Милевска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...