fbpx

Битолски бизнисмени ги купија пекарниците на „Жито Битола“

-

Трите атрактивни дуќани, кои беа продавници за леб на поранешната „Жито Битола“ кај комплексот Шехерезада, отидоа во рацете на познати битолски биснисмени. Дуќаните беа сопственост на државата, па се продадоа на јавната лицитацијата на Јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор. Дуќаните сега се сопственост на познати бизнисмени од градот, кои се занимаваат со градежништво, фармација, како и со производство и со продажба на бели печива. Неофицијално, се зборува дека еден квадратен метар од дуќаните се продал за цена колку што во моментов се купуваат становите во Битола, од 600 до 700 евра за квадратен метар.
– Точно, продадени се трите дуќани од комплексот Шехерезада, кои долго време не беа во функција – вели директорот на ЈП за стопанисување со стамбен и деловен простор во Битола, Иван Јолевски.
Сега на ред за продажба чекаат уште осум дуќани во Битола, чиј сопственик е држвата. Најголем дел од дуќаните се во деловниот простор на зградата кај старата автобуска станица, во строгиот центар на градот, каде сега работат неколку бизниси за продажба на мебел, книжарница и слично. Исто така, на продажба е и атрактивен простор во зградата „Декорпот“ и дуќан во близина на Ат-пазар.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.