fbpx

Дузина наставници ноќеска спиеја со студентите на Техничкиот факултет во Битола

-

Не за екстерното оценување, не за студирање со ограничување. Ова се само дел од дискусиите на кои синоќа до доцна во ноќта дискутирале студентите и претставници на наставничкиот пленум од Битола во автономната зона на Техничкиот факултет.

Повеќе наставници преноќија на Техничкиот факултет во Битола заедно со студентите, кои веќе една недела се во автономната зона.

– Се собравме наставници од повеќе основни и средни училиште во Битола, сакаме јавно да им дадеме поддршка на студентите за сè што бараат, но, во исто време, и ние како професосри и родители да го споделиме студот со нив. Синоќа студентите се покажаа како добри домаќини и до доцна во ноќта дискутиравме за сè она што ги засега нив, а и нас – вели еден од наставниците што синоќа преноќи во автономната зона на Техничкиот факултет.

Наставнички пленум од Битола својата прва работна средба ја одржа во слободната студентска зона на Техничкиот факултет, за, како што рекоа, да ја поддржат нивната праведна, легитимна и над сè света борба за студирање без ограничувања, без небулозниот Закон за високото образование што го предлага МОН.
Студентите, пак, велат дека од наставниците добиле конструктивни предлози и анализи за законот за високо образование.

– Со наставниците договориме некои заеднички акти за законот за високо образование. Ако децата кои учат 12 години, основно и средно образование се осакатени од образование, ниту еден закон за високо образование нема да помогне понатаму. Значи, требаат промени од самиот почеток. Тука ги слушнавме предлозите на наставниците и си ветивме заедничка поддршка – вели Ѓорги Пулевски, од судентскиот пленум во Битола.

Според Пулевски,  студентите од Битола во наредните денови ќе добијат поддршка од професори од скопските факултети, бидејќи досега не добиле значајна поддршка од овдешните професори. Окупацијата продолжува, велат студентите.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...