fbpx

Битолската болница денеска остана без греење

-

На температурa под нулата, пациентите во битолската болница денеска лежат во болничките кревети во ладни простории бидејќи нема парно греење. Болницата останала без парно поради грешка на дистрибутерот на мазут, велат од прес-службата на болницата.

– Кај нас сè беше направено за да се набави мазутот, но дистрибутерот задоцни и затоа денеска болницата е без греење – вели Јагода Стојановска, портпарол на болницата.

Паценти кои денеска биле закажи на супспецијалистички прегледи, велат дека од што било ладно во ходниците, заборавиле дури и на болката. Но, било невозможно да се откажат од прегледот за да не го загубат редот за „мој термин“.

Пред Нова година, исто така, на минусна температура, без греење остана и музичкото училиште во Битола.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...