Ветер и дожд корнеа дрвја во Битола

Невремето со ветер и со дожд предизвика помали штети и во Битола. Ветрот откорна зимзелено дрво во паркот пред Центарот за култура во Битола, а сруши и неколку метални паноа. Дрвото кое едвај се држи на само десетина сантиметри од земјата, само што не се срушило. Тоа предизвикува особено внимание кај шетачите, кои го фотографираат од сите страни на паркот. Особено е интересна глетката во комбинација со споменикот на големиот кинематограф Милтон Манаки, поставен пред самиот влез на Центарот за култура.

А.Б.