fbpx

Воздухот во Битола со висока концентрација на ПМ2,5-честички

-

Висока концентрација на опасните ПМ2,5-честички во воздухот во централното градско подрачје на Битола, покажаа анализите од двонеделното мерење на мобилната мерна станица на „Фармахем“ во Битола. Здужението „За нас се работи“ во исчекување на експерт од „Фармахем“ да ги прочита резултатите од анализата на воздухот во Битола, пред јавноста, што треба да се случи наскоро, открива дека не само со ПМ10, туку воздухот во Битола е оптоварен со уште поситните и поопасни ПМ2,5-честички.

Душко Груевски, еден од основачите на здужението, за новинската агенција „Мета“, тврди дека анализата на воздухот во градот дала поразувачки резултатити.

– Ќе откријам само еден податок додека стручно лице не ги прочита целосно пред јавноста анализите од нашето мерење на воздухот во градот што го направивме пред Нова година. За жал, ПМ10-честичките во себе содржат од 67 до 94 проценти концетрација на уште поопасните честички ПМ2,5. Овој податок е навистина поразителен кога се работи за здравјето на битолчани – вели Груевски.

Целокупната анализа на воздухот во Битола, според активистите на „За нас се работи“, треба да ги даде долгоочекуваните одговори за битолчани кои од фабричките оџаци, сепарациите за песок, депониите и други се најголемите загадувачи на воздухот во градот. Мерните станици на Министерството за животна средина покажаа дека понекогаш концентрациите на ситна прашина во градот, која предизвикува белодробни заболувања, се десет до дваесет пати над дозволеното. Деновиве, и покрај снегот и ветрот, мерната станица Битола-2 покажува средно ниво на индексот на загадување.

Борбата за почист воздух во Битола продолжува, најавува Груевски.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде...