fbpx

Еден загинат и шестмина повредени во голем пожар во Велес

-

Повозрасна велешанка го загубила животот во голем пожар кој синоќа, триесетина минути по полноќ, избувнал во месноста Дворови во Велес, и во кој до темел изгореле две куќи, а во трета, во која била сместена конфекциска работилница, изгорела опремата и репроматеријалот, пренесува на својата интернет-страница „Утрински весник“.

Велешанката што загинала живеела во една од куќите.

Како што јавува весникот, при интервенцијата, еден од пожарникарите бил повреден од експлозија на боца со плин. Тој бил пренесен во болница, со уште едно лице од соседството. Повреден бил и возачот на итната помош, кој ја скршил ногата откако се лизнал на подмрзната вода.

Во велешката болница биле примени шест лица, од кои по укажаната помош двајца биле пуштени на домашно лекување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...