fbpx
Таг: Без Филтер

таг: Без Филтер

Нема пари за анализи на депонијата на токсичен линдан кај Пеленица, ќе се бараат преку донатори

Испитувањето на почвата во локалитетот Пеленица кај Драчево, потенцијално складиште на опасен линдан од ОХИС, нема да започне оваа година. Во Министерството за животна средина велат дека немаат формирано буџет за анализи на локацијата, но се работи на тоа пари да се обезбедат преку донатори. Пеленица е четвртата депонија на отровната супстанца, откако, покрај двете веќе познати, во рамките на...

Вирусот не ги штеди младите, почина 31-годишник, 18 се новозаболени и 259 заразени лица

На Клиниката за инфективни болести денеска за жал починаа две лица, еден пациент на 91 години и тоа осум дена откако бил хоспитализиран, како и уште еден млад човек на 31 годишна возраст чија клиничка слика беше тешка, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. - Вкупниот број на новодијагностицирани лица е 18, па сега вкупниот број е 259...

Допрва ќе се анализира дали возот е економски исплатлив како јавен превоз во Скопје

Министерството за транспорт и врски допрва ќе прави анализа за нивото на економска исплатливост на проектот за воспоставување на приградски железнички сообраќај во Скопскиот регион. Владата во својата 4 - годишна програма за работа ја вклучи идејата за користење на возот како средство за јавен превоз во Скопје со 4 железнички краци, вклучувајќи ги линиите кои би поаѓале од...

Македонија во НАТО: Што добиваме, што даваме и како понатаму?

Со истовремено подигање на три македонски знамиња, две во Белгија и едно во САД, НАТО утре (понеделник) во своите редови свечено ќе го вброи својот триесетти сојузник. На свечената церемонија во седиштето на НАТО во Брисел во 15 часот по средноевропско време ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседавачот на Воениот комитет на Алијансата маршал Стјуарт Пич,...

Проф. д-р Драган Даниловски: Ниедна инхалација не спасува од корона вирусот

Деновиве јавноста имаше можност да слушне излагања на врвни доктори кои не се епидемиолози или инфектолози, а кои им препорачуваа на граѓаните меѓудругото, како превентива од вирусот ковид-19, да се инхалираат со било што, па и со алкохолни пијалоци зашто така се намалувала можноста за развој на вирусот во белите дробови. По ваквите советувања наменети за граѓаните, „Мета.мк“ побара одговори...

Филипче: Добро е што бројот на заразени расте линеарно, спремни сме да прифатиме и повеќе

Добро е што засега имаме линеарно зголемување на случаите, иако сме подготвени да прифатиме и да третираме пациенти дури и да има поголем пораст. Целосно се мобилизирани здравствените работници и подготвени се капацитетите. Имаме и излекувани пациенти, така што сме во ситуација да се амортизира приемот, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Во врска со наводите за заболениот...

Бројот на заразени се зголеми на 219 лица, во Скопје се 134 позитивни на корона вирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Најголем број од заразените се во Скопје. - Од новозаболените 18 лица, 11 се во Скопје, четири во Прилеп, два во Куманово и еден во Тетово. Со ова вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12.00 часот изнесува 219 лица...

Дупките во цевките трошат најголем дел од водата за пиење во Македонија (инфографик)

Одредени делови од Македонија ќе се соочат со недостиг на вода за пиење, доколку во наредниот период не се одвојат позначителни средства за реконструкција и надградба на водоводните системи низ општините. Актуелните податоци покажуваат дека најголем потрошувач на вода за пиење во национално ниво е токму неприходуваната вода, во која што категорија спаѓаат физичките губитоци од дупките во водоводните...

Tест за корона за 14 медицински лица и за четворица пациенти од Заводот во Капиштец

Првиот пациент дијагностициран со корона вирус од Тетово, бил во Заводот за рехабилитација во Капиштец во периодот од 9 до 23 март, што е причина да се испитаат докторите и здравствените работници со кои тој бил во контакт, информира министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека во земјава досега се регистрирани 201 заболен пациент од корона вирус. - Пациентот...

Загадувачите во Скопје работат турбо, а инспекторите до 16.30 часот поради короната

Инспекциите немаат сознанија што е причината на високото загадување на воздухот во Скопје измерено синоќа во текот на ноќните часови. Од Државниот инспекторат за животна средина, во чија надлежност се контролите над големите индустриски капацитети во градот, со А интегрирани дозволи, велат дека вршат редовни контроли според планот за месец март, иако имаат скратено работно време поради епидемијата со...

Во викенди забрана за движење (полициски час) од 16 часот попладне до 5 наутро

Владата донесе одлука да се забрани движењето за сите граѓани во текот на викендот во периодот од 16 до пет часот следниот ден, информираа оттаму. Ова следува откако денес беше објавено дека бројот на заболени лица во земјата се искачи на 177. Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека починала пациентката од Дебар која повеќе денови беше на респираторна машина,...

Во Велес воздухот е почист, но почвата сè уште е отровна

Велешани дишат почист воздух во последните години, откако е затворена Топилницата, но тоа не е случај и со почвата во градот. Нивоата на кадмиум, цинк и олово во воздухот се под максимално дозволените вредности, покажуваат податоците од мерењата направени од Институтот за јавно здравје од Велес. Почвата, пак, и по деконтаминацијата во градот и околината, со засадување маслодајна репка,...

Неопходни се сериозни инвестиции за да се намалат загубите на вода за пиење

Водоводните системи низ македонските општини се стари по неколку децении и во моментов им се неопходни сериозни инвестиции за да ги намалат загубите на вода за пиење. Податоците за 2018 година на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) покажуваат дека процентот на неприходувана вода изнесувал помеѓу 32 и 78 отсто на годишно ниво кај давателите на водни...

Пациентите болни од корона од утре ќе се лечат со азитромицин и хидроксихлорокин

Ќе се укине целосно меѓуградскиот превоз меѓу Куманово и другите градови, како и градскиот превоз во тој град. Сите продавници кои се од полуотворен тип, а не се трговски центри, има препорака да бидат затворени, а дополнително има и одлука со која задолжен е Институтот за јавно здравје да работи поинтензивно и во Куамново и во регионот, информира на...

Кога не можат во вистинска училница, учениците ќе учат во еduino.gov.mk

Градинките, основните училишта, училиштата за средно образование и факултетите во земјата нема да бидат отворени и нема да продолжат со регуларна настава. Но, тоа не значи дека воспитно-образовниот процес треба да прекине. Тоа би било штета за знаењата на младите, рече на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми. Тој не кажа прецизно како ќе се изведе оценувањето...

„Час на планетата Земја“: В сабота ќе се исклучат светилките

Природата и заштитата на биодиверзитетот и годинава се главните теми за кои милиони луѓе ќе испратат порака преку гаснењето на светилките во сабота на 28 март во акцијата „Часот на планетата Земја“ (Earth Hour 2020). Македонија по единаесетти пат ќе се вклучи во оваа еколошка акција со надеж дека свеста за последиците од климатските промени ќе допре до секој...

Филипче: Не правете домашни резерви, терапија има доволно и во болниците и во аптеките

Во последниве денови огромна е побарувачката на лекот „сумамед“. Не е добро некој сам да иницира лечење со овој лек, затоа апелирам до граѓаните дека лекови има доволно во аптеките и дека нема потреба да прават домашни аптеки, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција на која информираше за состојбата со ковид-19. - Сите лекови ги има во...

Во банките чуваме 6,6 милијарди евра, а користиме кредити од 5,5 милијарди евра

Во очекување на одговор на прашањето на какви чекори ќе се одлучат  банките за амортизирање на ефектите од појавата на корона вирусот врз семејните буџети и работата на компаниите најновите податоци на Народната банка откриваат во каква кондиција се наоѓа монетарниот сектор во земјава. Домашите банки заклучно со февруари годинава имале вкупни депозити од 6,6 милјарди евра и имале издадено...

Бројката на заболени се зголеми на 136, во Скопје 81 лице со корона вирус

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои една пациентка е излекувана, а двајца се починати. Новите 22 заболени лица се од Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1). „Според местото на...

Девет нови заболени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 85

Министерството за здравство информира дека се регистрирани девет нови случаи на корона вирусот во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот, изнесува 85. „Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со...