fbpx

Загадувачите во Скопје работат турбо, а инспекторите до 16.30 часот поради короната

-

Инспекциите немаат сознанија што е причината на високото загадување на воздухот во Скопје измерено синоќа во текот на ноќните часови. Од Државниот инспекторат за животна средина, во чија надлежност се контролите над големите индустриски капацитети во градот, со А интегрирани дозволи, велат дека вршат редовни контроли според планот за месец март, иако имаат скратено работно време поради епидемијата со корона вирусот.

„Сите субјекти кои се во наша надлежност, кои редовно ги контролираме, во текот на месецов загадувале во рамките дадени со закон, немало пречекорувања кај ниеден од нив“, вели Хусни Тачи од ДИЖС.

Државниот Инспекторат не може да каже кој е причинител или причинители на аерозагадувањето кое синоќа, во услови на ниски температури и дожд повеќе часови достигна вредности над 100 микрограми на кубен метар на ПМ 10 честичките.

„Работиме до 16.30 часот, со намалем обем на работа поради корона-вирусот, а потоа имаме пасивни дежурства“, вели Тачи, кој додава дека не е утврдено дека причинители се големите загадувачи и дека, на пример во Аеродром и Лисиче, каде биле регистрирани повисоки вредности на ПМ 10 честичките воопшто и нема големи индустриски капацитети.

„Редуцирани сме со кадар бидејќи дел од инспекторите се дома поради тоа што училиштата не работат па мораат да ги чуваат децата, а потешкотија е и тоа што се уште ја немаме добиено дозволата нашите тимови да работат и после стартот на полицискиот час, по 21 часот“, вели Мирослав Богдановски,  раководител на инспекциските служби на Град Скопје.

Ниту Богдановски не можеше да даде конкретен одговор за тоа кој бил загадувач или загадувачи синоќа, но најави засилени контроли во наредниот период.

„Штом ја добиеме дозволата, ќе продолжиме и со ноќните смени и со вонредните инспекции во вечерните часови“, вели тој.

Граѓаните вчеравечер и денес претпладне алармираа за покачени вредности на ПМ 10 честичките на повеќе мерни места во Скопје, при што во Центар и во Лисиче тие достигнаа и до 120 мг/м3. Партијата ДОМ побара од надлежните органи да ги утврдат причините за загадувањето на воздухот во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...