fbpx

Пациентите болни од корона од утре ќе се лечат со азитромицин и хидроксихлорокин

-

Ќе се укине целосно меѓуградскиот превоз меѓу Куманово и другите градови, како и градскиот превоз во тој град. Сите продавници кои се од полуотворен тип, а не се трговски центри, има препорака да бидат затворени, а дополнително има и одлука со која задолжен е Институтот за јавно здравје да работи поинтензивно и во Куамново и во регионот, информира на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.Тој информира за мерките кои се преземени како и за бројот на заболени, кој со денешните податоци, изнесува 148 заболени лица од кои еден е излекуван, а двајца се починати.

– На Клиниката за инфективни болести во моментов има 29 пациенти, од нив една пациентка е во тешка општа состојба. Шестмина вкупно се со потешка клиничка слика. Денеска амбулантски се прегледани седум пациенти, земен е еден брис. Примени се тројца пациенти за хоспитален третман, други тројца се на домашно лекување. Денес ќе има тестирање на сите лица поврзани со случајот со Клиниката за кожни болести, кои се во изолација – рече Филипче.

Тој рече дека во кумановската болница вчера работеле локалните епидемиолози, се анализирале контакти, односно оние кои биле во врска со починатата пациентка.

– Има дијагностицирани пет позитивни лица на корона, од кои тројца се здравствени работници, двајца доктори и една сестра. Детално е анализирано и семејството. Земени се брисеви од 63 лица. Ќе се укине целосно меѓуградскиот превоз меѓу Куманово и другите градови, како и градскиот превоз. На сите продавници кои не се молови односно се полуотворени трговски центри, се препорачува да се затворат. Има и одлука со која задолжен е Институтот за јавно здравје за поинтензивна работа во целиот кумановски регион – рече министерот.

Граѓаните имаат можност преку матичен лекар да закажат на еден од 14 пунктови тестирање каде што им се зема брис. За овие два дена, веќе е исполнети термините за следните два три дена, односно закажани се 170 пациенти. Без закажување не може да се оди на пункт и да се направи текст.

Филипче информира дека тестовите што се користат се германски и дека имаат висока сензитивност, односно над 99 отсто, а со нив се детектира присуството на вирусот.

– Масовно тестирање, односно форма на масовно тестирање какво што спроведуваме ние, е по строга епидемиолошка анкета со самоизолација и тестирање на сите примарни контакти од висок ризик. Тоа го правиме уште од почетокот. Нема поента да се тестира пациент кој е потенцијално заболен, а е во во период на инкубација. Може да е резултатот негативен на 13 ден, а да се позитивизира на 14 ден – појасни тој.

На денешниот состанок со Агенцијата за лекови „Малмед“, била одобрена комбинацијата азитромицин и хидроксихлорокин, за лечење на пациентите заболени од корона вирус. Филипче рече дека оваа комбинција на лекови ќе почне да им се дава на пациентите од утре. Инаку, граѓаните и лекарите, по објавата на новите студии за ефикасноста на комбинацијата на овие два лекови, масовно купуваа азитромицин („сумамед“) од аптеките.

Филипче рече дека капацитетот на Клиниката за инфективни болести е исполнет 25 отсто. Во „8 Септември“ дополнително има инфективно одделение, како и посебни оддели за други здравствени услуги. Ако има потреба за интензивно лекување со респираторни машини, досега се понудиле „Жан Митрев“, „Систина“ и „Еуроиталиа“.

– Ова значи дека после исполнувањето на нашите капацитети во јавното здравство, ако се изнуди потреба да се користат приватни болнички легла, тогаш Фондот за здравствено осигурувње ќе може да склучи договор со приватна институција за да се користи за лечење на овие пациенти и само за времетраење на оваа вонредна состојба. Со ова би ги зголемиле болничките капацитети – додаде министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...