fbpx

Девет нови заболени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 85

-

Министерството за здравство информира дека се регистрирани девет нови случаи на корона вирусот во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 денеска до 12 часот, изнесува 85.

„Состојбата на хоспитализираните пациенти Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера. Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија но во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката,“ информираат од Министерство за здравство.

Според местото на постојано живеење, случаи на Ковид-19 се регистрирани во шест градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Министерство за здравство претходно информираше дека од денеска еднаш дневно ќе праќа информации за нови заболени, со пресек на претходните 24 часа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...