fbpx

Филипче предлага да се затворат парковите и други построги мерки, граѓаните не слушаат препораки

-

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека ќе даде предлог до Владата да се затворат парковите, но и да се воведат и други, построги мерки, бидејќи и покрај препораките и апелите, повторно има јавни собири.

„Очигледно не постои придржување до мерките, и голем број на граѓани ризикот не го земаат за сериозен. Мерките ќе ги заостриме, само така ќе има резултат. Бројката на пациенти расте и ќе расте, но кривата на пораст е поблага во споредба со другите држави. Сметам дека со дополнително заострените мерки бројката на заразени ќе се намали,“ изјави Филипче.

Во однос на деветте нови регистрирани пациенти, со што вкупната бројка се зголеми на 85, тој додаде дека сите случаи се во корелација со веќе претходно познати случаи. Голем дел од пациентите се на домашно лекување бидејќи имаат лесна клиничка слика, но тие цело време се во комуникација со медицински персонал, модел кој се применувал и во Германија.

Денеска, рече тој, ќе биде објавен и бројот на кол-центарот каде што граѓаните ќе може да се јават, со што ќе се надмине проблемот, тоа што тие не можат да ги добијат Центрите за јавно здравје. Од понеделник ќе бидат отворени и двата пункта за тестирање во поликлиниките „Јане Сандански“ и „Чаир“.

Филипче информираше дека јавната набавка за респираторни машини е поништена бидејќи никој од операторите не можел да го задоволи критериумот за итна испорака. Набавката сега ќе ја спроведе Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...