fbpx
Таг: Албанија

таг: Албанија

Зголемен транзитот на илегални мигранти низ Албанија дури и во време на пандемија

Затворањето на границите и изолирањето поради пандемијата не го намалија приливот на илегалните мигранти кои транзитираат низ Албанија кон земјите на ЕУ. Зголемувањето на овој прилив е евидентно од 2019 година наваму и е придружено со зголемување на бројот на лицата коишто направија бизнис од транспортот на мигрантите преку територијата на Албанија, пишува Фактоје.ал, пренесува Порталб.мк. Притоа во обезбедувањето помош...

Фактоје: Реконструкцијата на училиштето во Пустец сè уште не е започната

За време на заедничката официјална посета на Пустец, општина населена од македонско малцинство во Албанија, министерката за образование Евис Куши вети дека ќе обезбеди услови за учење јазик и вклучување во бесплатната шема за учебници. Во меѓувреме, премиерот Зоран Заев гарантираше донација од 30.000 евра од претприемачи на РСМ, за реконструкција на надворешниот дел на училиштето, пишува албанскиот сервис...

Фактоје: „Избледнувањето“ на ветувањето на албанскиот премиер Рама за бројот на вакцини

Количината на вакцини ветени во различни изјави од премиерот нa Албанија, Еди Рама, постојано се намалува. До денеска пристигнале помалку од 10.000 вакцини, бројка што требаше да биде „исцрпена“ до третата недела од јануари, пишува „Фактоје“. Ветено е пристигнување на 30.000 дози во февруари, но механизмот КОВАКС потврди за Фактоје дека не испратил никаков контингент во првите две седмици од...

Порталб: Изградбата на пругата кон Албанија се одолговлекува со години

Од 2017 година постои проект за изградба на железничката линија од Кичево до граничниот премин со Албанија, Ќафасан, но изградбата на оваа пруга останува неостварено ветување. Железничкото поврзување ќе овозможи економски придобивки за двете земји, бидејќи Албанија добива можност да се поврзе со железничка линија со Бугарија, додека Северна Македонија ќе има можност да се поврзе со пристаништето Драч,...

Охридското езеро, заложник на договорот од 1957 година

Албански експерти го креваат гласот дека во последните 10 години лошо се управува со водите на Охридскиот слив од македонска страна, предизвикувајќи голема штета на екосистемот на ова езеро што е под заштита на УНЕСКО. Во 2017 година, водата од албанска страна се повлекла до 100 метри, што ги алармирало експертите за животна средина од албанска страна, пишува Фактоје.ал,...

УНЕСКО: Пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија да се градат по една траса

Државните претпријатија во земјава меѓусебно да се координираат за важните инфраструктурни проекти што минуваат низ заштитеното подрачје во Охридско-струшкиот регион и да се истражи опцијата преку една траса (коридор) да минуваат пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија, бара УНЕСКО во изработениот Нацрт-извештај, во кој се наведува дека за Охрид и Охридското езеро се исполнети условите да бидат впишани...

Во Албанија рециклирани старите ветувања за далновод кон Македонија, кај нас молк

Албанија и Северна Македонија беа посветени на изградбата на 400-киловолтен интерконективен далновод во 2015 година и спроведувањето на проектот требаше да заврши во 2018 година. Проектот не само што не е реализиран, туку како ветување е повторено од сегашната албанска министерка за енергетика, Белинда Балуку, пишува „Фактоје.ал“, пренесува „Порталб.мк“. На 11 декември 2015 година министерот за енергетика и индустрија Дамијан...

Заедничката царинска контрола меѓу Северна Македонија и Албанија остана само празно ветување

Заедничката царинска контрола Северна Македонија - Албанија, од типот „One Stop Shop“, е едно од ветувањата за кое се дискутира само на масите на владини претставници од двете земји, но со години нема конкретно дејствување на терен. Заедничката царинска контрола, покрај зајакнувањето на билатералните односи меѓу соседните земји, ќе помогне во развојот на економијата, ќе ги олесни царинските процедури,...

Земјотрес во Албанија ноќеска почувствуван и во земјава

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје ноќеска во 3.39 часот регистрираала земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Албанија, 145 km југозападно од Скопје. Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML4.0, а во земјава, особено во југозападните делови, е почувствуван со интензитет од 3 до 4 степени според Европската макросеизмичка скала.

Фактоје: Албанија има двојно помалку лекари од РСМ, а двојно повеќе смртни случаи од нивните редови за време на пандемијата

Северна Македонија има двојно поголем број на лекари на 10.000 жители во споредба со Албанија. Кога станува збор за бројот на смртни случаи од редовите на белите мантили, овој сооднос е преполовен. Од почетокот на пандемијата, бројот на лекари кои ги загубија своите животи во Албанија е двојно поголем од оној во Македонија. Во оваа алармантна ситуација здравствените организации,...

Лажните вести за вакцината за ковид-19 и „зависноста” на јавноста од теориите на заговор

Албанскиот портал Фактоје.ал пишува дека уште пред да почне кампањата за вакцинација против ковид-19, уште во ноември преку социјалните мрежи и некои од онлајн медиумите, во Албанија и пошироко избувнале теориите на заговор за негативните ефекти на вакцината. Една европска студија, пак, покажала дека Албанија е на второ место, кога станува збор за влијанието на теориите на заговор, додека Северна Македонија на претпоследно...

Заев во посета на Пустец: Владата ќе донира 30.000 евра за основното и средното училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска, денеска ја посетија Општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, заедно со Васил Стерјоски, пратеник во албанскиот Парламент од партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и градоначалникот на Општината, Пали Колефски. Во заедничкото, основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“, беше потврдена донацијата обезбедена преку македонски...

Примената на брзи тестови за коронавирусот започна во земјава, Албанија ја „чека“ новата 2021 година

Во Албанија, според изјавата на министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, брзите тестови ќе пристигнат во декември. Но, според податоците од тендерот објавени оваа среда, нивното пристигнување ќе се случи во најдобар случај, не порано од средината на јануари 2021 година. Во меѓувреме, Северна Македонија, Грција, Србија и Хрватска веќе започнаа да ги употребат брзите тестови за Ковид-19, со цел...

Дали Северна Македонија претставува пречка за Албанија да ги почне преговорите со ЕУ?

Претставниците на земјите од Европската унија на 18 ноември не успеаја да постигнат консензус за рамката за преговори со Албанија и Северна Македонија, што ќе го отвори патот за првата Меѓувладина конференција, што претставува официјален почеток на преговорите за членство. Пратеникот и истовремено Организациски секретар на Социјалистичката партија на Албанија, Арбен Пелумби ја „обвини“ Северна Македонија, тврдејќи дека бугарското вето...

Изградбата на патот „Егнација“ во Албанија втурната во ќорсокак

Патниот правец Ќукс-Ќафа Плоча со должина од 43,4 километри, познат како патот „Егнација“, по повеќе од една деценија одолговлекување може да се смета како втурнат во ќорсокак. Проектот започна да се гради со почетна сума од 134,6 милиони долари, цена што сега е двојно поголема, додека крајот на изградбата е одложен за уште 22 месеци. „За целосна реализација на проектот...

Охридско Езеро порибено од албанска страна

Водите на Охридско Езеро, од албанска страна, кај селото Лин, општина Подградец, беа збогатени со 1,7 милиони парчиња подмладок охридска пастрмка, соопштија од општина Подградец. На порибуваањето присуствуваа министрите за земјоделство шумарство и водостопанство од Македонија, Арјанит Хоџа и Бленди Чучи од Албанија. -Од година в година се зголемува количината подмладок со кој се порибуваат езерските води. Но, ова денеска...

ИФИМЕС: Договорот САД-Србија-Косово ќе го поправи тоа што ЕУ дозволи да се расипе

Вашингтонскиот договор претставува нова политичка реалност не само за Косово и Србија, туку и за целиот регион на Западен Балкан, па дури и за самата ЕУ, која премногу млитаво се однесуваше кон Западниот Балкан и е немоќна пред притисоците на Русија, Кина и Турција, и која не се спротивставува решително на популистите коишто соработуваат со силите чијашто единствена цел...

Пругата кон Албанија поделена во две фази, владата ќе бара средства за делот од Кичево до Струга

Проектот за изградба на железничкото поврзување меѓу Македонија и Албанија ќе се одвива во две фази. Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за изградба на оваа пруга и го задолжи Министерството за финансии да достави Барање за изразување на интерес до меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори за обезбедување на финансиски средства од 426 милиони евра...

Цоневска: Министерството за правда внимателно да го утврди моделот за деполитизација на судството

Бојан Маричиќ, вчера ја презеде функцијата министер за правда и најави, како што рече, големи реформи во судството, како еден од најважните ресори во преговорите со Европската унија. Истражувачот на Институтот за европска политика (ИЕП), Ива Цоневска, оценува дека најавата на министерот е позитивна, но треба да се внимава на утврдување на моделот за чистење на судството, пишува „Порталб.мк“. Министерот...

ЕК: Северна Македонија претпоследна во регионот по растот на БДП во првиот квартал

Со пораст на бруто домашниот производ од 0,2 отсто во првите три месеци од годинава, нашата земја се најде на претпоследното место меѓу земјите од Западен Балкан, покажува најновиот извештај на Европската комисија за економските текови кај земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската Унија. Прва на листата е Србија со пораст на БДП од 5 отсто во...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...