Фото: Бојан Блажевски

Албански експерти го креваат гласот дека во последните 10 години лошо се управува со водите на Охридскиот слив од македонска страна, предизвикувајќи голема штета на екосистемот на ова езеро што е под заштита на УНЕСКО. Во 2017 година, водата од албанска страна се повлекла до 100 метри, што ги алармирало експертите за животна средина од албанска страна, пишува Фактоје.ал, пренесува Порталб.мк.

Албанија и Северна Македонија продолжуваат да управуваат со котите на Охридското Езеро потпирајќи се на договорот од 1957 година потпишан во времето на Југославија на Тито и времето на Енвер Хоџа. По шест децении, официјалните лица на двете земји сè уште не седнале да потпишат друг договор со кој би се разјаснило како и кога се регулира испустот на вода преку регулацискиот отвор од Охридското езеро во реката Црн Дрим, но и како ги управуваат котите на Охридското езеро Албанија и Македонија, две земји кои имаат големи економски промени.

На 8 октомври, поранешниот министер за земјоделство Бледи Чучи изјави дека многу скоро ќе има заеднички договор меѓу Албанија и Македонија за управување со водите на Охридското Езеро.

По ова изјава, Фактоје комуницираше со Министерството за земјоделство на Албанија за да праша за напредокот на овој договор. Од Министерството за земјоделство изјавија дека ова прашање не е во нивна надлежност. Одговорна за тоа е Агенцијата за управување со водни ресурси.

Иако Министерството за земјоделство го делегираше ова барање до Агенцијата за управување со водни ресурси, Фактоје.ал сè уште нема одговор од оваа институција. При проверка на официјалната веб-страница на оваа институција, не најдовме никакви информации во врска со заедничкото управување со езерото.

Сепак, ова не е единствената изјава во врска со ова прашање.

Во мај 2018 година, Дејан Пановски, национален координатор за сливот на Црн Дрим, изјави дека: „Се очекува Македонија и Албанија наскоро да постигнат нов договор, кој во иднина ќе ја регулира котата на нивото на Охридското Езеро и одливот на вода низ Црн Дрим во Струга“.

Фактоје.ал исто така се обиде да комуницира со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија за да открие што е направено во врска со овој договор, но сè уште не добиле одговор.

Регулацискиот отвор во Црн Дрим на Охридското езеро, кој служи за регулирање на минималните и максималните коти на водостојот, е отворен во многу случаи повеќе од дозволеното и тоа предизвикува пад на нивото на водата и повлекување од брегот во албанскиот дел на Охридското езеро.

Пред една година, во 2017 година, експерти за животна средина во Албанија алармираа откако отворањето на регулацискиот отвор од Македонија доведе до повлекување на езерото до 100 метри во албанскиот дел, предизвикувајќи голема штета на флората и фауната на езерото, кои беа сериозно оштетени.

Професорот Арјан Мероли рече: „Охридското езеро, кое има голема вредност во однос на екосистемот и е дел од УНЕСКО, се користи со години како слив за производство на електрична енергија и е загрозено поради неговото управување од страна на двете влади“.

Фактоје.ал беше во градот Поградец, каде жителите на подрачјето информираа дека регулацискиот отвор во Црн Дрим се отворен, а нивото на езерото паднало за најмалку 50 см.

Жителите исто така ни рекоа дека повлекувањето на водата се гледа и во железните материјали, коишто служеа како основа на мали насипи или продолженија на терасите на барови и ресторани над езерото.

Единствениот договор неодамна потпишан меѓу Албанија и Северна Македонија е тој за управување со риболовот, на 3 декември 2020 година.