Патот Ќукс-Ќафа Плоча на Гугл Мапс

Патниот правец Ќукс-Ќафа Плоча со должина од 43,4 километри, познат како патот „Егнација“, по повеќе од една деценија одолговлекување може да се смета како втурнат во ќорсокак. Проектот започна да се гради со почетна сума од 134,6 милиони долари, цена што сега е двојно поголема, додека крајот на изградбата е одложен за уште 22 месеци.

„За целосна реализација на проектот за лотовите 1 и 2 со сите нивни елементи, потребен е дополнителен фонд од 56,8 милиони долари. За да се заврши лот 3 потребни се дополнителни 25 милиони долари, нешто што не беше достапно во склучениот договор. Достапно е само половина од финансирањето, плус дополнителен проблем во вредност од 24 милиони за падините кои немаа геолошка студија. Од моментот на алокација на средствата, тој пат завршува за 22 месеци“ – рече министерката за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, во Собранието во интерпелацијата побарана од 7 опозициски пратеници.

Правецот Ќукс-Ќафа Плоча требаше да заврши уште во 2018 година!

„Проектот требаше да биде завршен во 2018 година, додека до крајот на октомври 2019 година не се реализирани повеќе од 57 отсто од исплатите. Осврнувајќи се на измените одобрени до моментот на ревизија и оние во процесот на одобрување, цената на проектот се зголемува за над 59 милиони долари, вредност што се очекува да се зголеми до крајот на проектот, што го чини многу државниот буџет во делот инвестиции со странски финансии“ – се вели во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, објавен во декември 2019 година.

Патниот правец Ќукс-Ќафа Плоча е поделен во три лотови. Во март 2020 година, по барање за информации упатено до Министерството за инфраструктура и енергетика, беше соопштено дека до тој момент се завршени 79,16 проценти од работите во лот 1 и 78,06 проценти од работите во лот 2.

Лот 3 останува најпроблематичен. Работите од овој дел, финансирани од Саудискиот фонд за развој, продолжуваат со бавно темпо и досега само 50 проценти од нив се завршени.

Патот „Егнација“ како поврзување на две земји!

Иако патот беше изборно ветување од 2009 година од страна на поранешниот премиер Сали Бериша, изградбата на патниот правец Ќукс-Ќафа Плоча беше „искористена“ и од премиерот Еди Рама во рамките на меѓувладиниот состанок меѓу Северна Македонија и Албанија на 15 декември 2017 година, каде тој рече дека овој патен правец би им служел на односите меѓу двете земји.

Патниот правец Ќукес-Ќафе Плоче, дел од патот „Егнација“, освен што останува неисполнето ветување, ги зголемува и трошоците со високи стапки, додека завршувањето на работите е сè уште далеку.

Извор: Фактоје (Албанија)