Photo by Dimitri Houtteman on Unsplash

Албанскиот портал Фактоје.ал пишува дека уште пред да почне кампањата за вакцинација против ковид-19, уште во ноември преку социјалните мрежи и некои од онлајн медиумите, во Албанија и пошироко избувнале теориите на заговор за негативните ефекти на вакцината. Една европска студија, пак, покажала дека Албанија е на второ место, кога станува збор за влијанието на теориите на заговор, додека Северна Македонија на претпоследно место, докажувајќи повисоко ниво на доверба во институциите во ситуации како ова со пандемијата, пишува Фактоје.ал, пренесува Порталб.мк. 

Од кога е прогласена пандемијата ширум светот, од март 2020 година, една од најголемите грижи била во однос на тоа кога ќе се создаде вакцината. 

Во ноември 2020 година, германската компанија „БиоНТек“ и американската „Фајзер“, преку јавно соопштение известија за заедничката вакцина, која се покажа 90 отсто ефикасна во спречување на инфекциите од ковид-19, заснована на клиничките испитувања во текот на третата фаза. 

Уште пред да се дознае дали Албанија може да им ја обезбеди оваа вакцина на своите граѓани во блиска иднина, на социјалните мрежи и неколку онлајн медиуми, почнале да се шират лажни вести или теории на заговор, во фокусот на кои е ефикасноста на вакцината и нарушувањата што може да ги донесе. 

Ова се некои од написите кои кружат и продолжуваат да кружат во многу албански медиуми, по пронаоѓањето на вакцината: 

Студии за овие теории 

Најновото истражување на Советодавната група на Балканската политика во Европа, БиЕПАГ (BiEPAG) покажува дека над 75 проценти од населението во Западен Балкан веруваат во многу или во некои од популарните теории на заговор за ковид-19. 

Според истражувањето, земја со најголем процент поддржувачи на теории на заговор на Западен Балкан е Албанија. Од графиконот се гледа дека Северна Македонија е претпоследна во списокот на земји кои ги поддржуваат овие теории. 

Моќта на теориите на заговор на Западен Балкан значително пораспространета во многу сегменти на општеството отколку на кое било друго место во Европа, истакнувајќи го и зајакнувајќи го недостатокот на доверба во општеството и институциите. 

Што вели СЗО? 

На официјалната веб-страница на СЗО, меѓу многуте информации за вакцината против ковид-19, се сугерира дека кога некој се вакцинира е со поголема веројатност да биде заштитен од болеста против која е вакциниран. Но, не секој може да се вакцинира. Луѓето со посебни здравствени состојби, кои го ослабнуваат имунолошкиот систем (како рак или ХИВ) или имаат сериозни алергии, не можат да бидат вакцинирани со одредени вакцини. 

Сепак, ниту еден друг дел од ова јавно известување не споменува информации што се однесуваат на генетски или психолошки нарушувања како последици од употребата на вакцината. 

Каков е ставот на лекарите?

Според д-р Ерион Дашос, кој е и директор за здравство и иновации во Франкфурт, пандемискиот период се карактеризира со феномен кој не се случува за прв пат, но овој пат е по присутен заради важноста и јавниот интерес. Феноменот, според него се состои во тоа што многу вести не се наменети за јавна потрошувачка затоа што јавноста не ги разбира бидејќи ја нема соодветната стручност за да ги анализира. 

„Добрата вест е дека многу престижно тело како американската ФДА (Food and Drug Administration) одобри употреба на вакцината и тоа треба да биде доволно за да се уверат сите дека вакцината е успешна и дека нема да има несакани ефекти за да се алармираат луѓето“, заклучува Дашо.