Цоневска: Министерството за правда внимателно да го утврди моделот за деполитизација на судството

-

Бојан Маричиќ, вчера ја презеде функцијата министер за правда и најави, како што рече, големи реформи во судството, како еден од најважните ресори во преговорите со Европската унија. Истражувачот на Институтот за европска политика (ИЕП), Ива Цоневска, оценува дека најавата на министерот е позитивна, но треба да се внимава на утврдување на моделот за чистење на судството, пишува „Порталб.мк“.

Министерот Маричиќ вчера најави дека во првите сто дена од неговиот мандат, во соработка со нашите европски партнери и сите засегнати страни, ќе се утврди моделот со кој ќе се обезбеди ефикасен и објективен ветинг и деполитизација на судството и обвинителството. Според Цоневска, моделот треба внимателно да се осмисли со цел што е можно помалку да влијае врз редовната работа на судството и обвинителството.

Ива Цоневска / Фото: Порталб.мк

„Позитивно е што новиот министер за правда за време на неговиот мандат ќе се фокусира на ефикасно спроведување на законските одредби во судството, кои во голема мерка се усогласени со европското законодавство. Сите опции и нивното влијание врз процесите за реформа на судството и постигнатите резултати треба внимателно да се анализираат. Имајќи ги предвид регионалните искуства, пристапот кон чистење на судството треба внимателно да се осмисли, со цел што е можно помалку да се влијае на редовната работа на судството и обвинителството, но исто така и да не се закопаат релативно високите достигнувања на ефикасноста во решавањето предмети. Поради овие процеси, потребни се анализи, процени и консултации за да се утврди моделот, кој најверојатно ќе трае повеќе од 100 дена“, појаснува за „Порталб.мк“ Цоневска.

Во врска со предупредувањето за прочистување во судството, бидејќи претходно Европската комисија не поддржуваше „ветинг“, според моделот на Албанија, Цоневска вели дека за успешни реформи треба да се зајакнат капацитетите на постојните институции.

„На 14-тиот состанок на Поткомитетот за правда и внатрешни работи, одржан во ноември 2019 година, ставот на Европската комисија беше дека прво треба да се искористат постојните механизми за контрола на судиите и јавните обвинители, а ветингот да се користи како последно средство ако редовните механизми не покажат резултати. Се согласуваме дека е посоодветно да се анализираат и развиваат механизмите што веќе се воведени во нашиот систем, пред да се пристапи кон моделот за чистење и деполитизација на судството и обвинителството, а потоа да се пристапи кон промени. За успешни реформи потребно е зајакнување на капацитетите на постојните институции“, вели Цоневска.

Судството сепак е еден од главните реформски принципи на премиерот Зоран Заев, имајќи предвид дека и Северна Македонија треба да започне разговори – и дека истите ќе бидат запрени веднаш доколку судството продолжи со старата пракса – нетранспарентност, непрофесионализам, пристрасност, нееднаквост или влијание на претставниците на власта врз нивните одлуки.

За време на последниот мандат, реформите во судството, иако ветувани и се наоѓаа постојано во говорите на претставниците на власта дека ќе има реформи, сепак, освен законите донесени на хартија – ситуацијата на терен беше истата, што беше уште една причина помалку да му се верува на ресорот со најмала доверба кај граѓаните, по скандалот со главната специјална обвинителка.

„Ветингот“ беше едно од решенијата за кои постојано се зборуваше како директна алатка за запирање на практиката на нетранспарентност или неказнивост на судските структури, и покрај скандалозните резултати и одлуки. Сепак, ЕУ не претпочиташе такво решение поради горчливото искуство во Албанија, каде институциите беа блокирани, но тоа не значи дека тие не бараа да се исчисти судството. Барањето на ЕУ беше државните органи да го исчистат судството, но со постојните механизми, што беше почитувано и „ветингот“ според моделот на Албанија беше тргнат од маса.

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено,...