МВР за само пет часа пронајде 52 прекршоци кај возилата што вршат јавен превоз на патници

-

И по катастрофалната автобуска несреќа кај селото Ласкарци што се случи во февруари минатата година, дел од превозниците во земјава продолжуваат да вршат јавен превоз на патници со технички неисправни автобуси и такси возила. Полицијата само во текот на вчерашниот ден, во периодот на петчасовна контрола во различни делови од земјава, открила 52 различни прекршоци кај возилата што вршеле јавен превоз на патници.

На подрачјето на СВР Тетово, на 31 август во периодот од 7 до 12 часот била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата, со која биле опфатени 100 возила што вршат јавен превоз на патници. Притоа, откриени се дури 21 прекршок. Од 19 контролирани возила на територијата на Гостивар, кај 10 се откриени прекршоци, додека 11 прекршоци се регистрирани од вкупно контролираните 81 возило во Тетово.

„Најмногу прекршоци 13 (ТЕ-10 и ГВ-3) се однесувале на неисправни сопирачки, а откриена била неисправност и на светлосни уреди, опрема и друго). За овие прекршоци поднесени се законски предвидените поднесоци, а 19 возила веднаш биле и исклучени од сообраќај. Во акцијата констатирани се и шест други видови прекршоци“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во истиот период, на територијата на СВР Штип била спроведена идентична акциска контрола, при што се откриени вкупно 24 прекршоци кај возилата кои вршеле јавен превоз на патници. Од нив, 11 прекршоци се за неисправен уред за запирање, два за неисправен уред за управување, два за непродолжена регистрација, еден – неисправни светлосни уреди, еден – неисправни останати уреди, еден – недостатоци на опрема и шест за неизвршен вонреден технички преглед. Санкционирани се и 37 останати прекршоци.

И СВР Велес во идентичниот период ја спровел ваквата контрола на територијата на општините што ги покрива, при што констатирани се седум прекршоци кај автобусите и такси возилата, од кои пет прекршоци се во Велес и два во Кавадарци.

На 13 февруари 2019 година, во автобуската несреќа кај селото Ласкарци на автопатот Скопје-Тетово животот го загубија 16 лица, а 30 беа повредени, а како една од причините за несреќата беше констатирана токму неисправноста на автобусот со кој се вршел превозот на патници.

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата „Шампион на...

„Н1“: Од каде српско „љ“ во рускиот извештај и други нелогичности?

Безбедносната информативна агенција (БИА) на својата веб-страница објави извештај на Руската Федерална служба за безбедност за употребата на таканаречениот звучен топ во Србија. Веднаш штом бил објавен текстот, биле забележани грешки...

Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена...

Денот на победата над фашизмот се прославува и во Скопје

Денот на победата над фашизмот се празнува и се одбележува и во Скопје (и во сите други градови во земјата), но и како Ден на Европа, а на 8 мај како...

Озбек Ајваз: Чаир е место во кое соживотот е реалност

Младиот и перспективен уметник од скопската населба Чаир, Озбек Ајваз, денеска во неговото маало, ја постави урбаната уметничка инсталација која ја нарече „Клуата на заедниците“. Ајваз е добитник на наградата...