петок, 10 април, 2026
Meta.mk

Ознака: СВР Тетово | 41 резултати

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

декември 5, 2024

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие лица се рекламираат со лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите […]

Акциска контрола во тетовско Желино, приведени 19 млади странски државјанки

август 4, 2024

Акциска контрола во ноќен клуб во тетовското село Желино спровеле синоќа после полноќ полициски службеници од СВР Тетово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Целта на контролата била откривање на странски државјани со нерегулиран престој или злоупотреба на престојот. Притоа, затекнати и приведени биле деветнаесет странски државјанки на возраст од 24 до 26 години и […]

На Движењето „Беса“ „им избега“ кучето што го врзаа кај Општина Тетово пред четири години

мај 9, 2023

Кучињата продолжуваат да скитаат по Тетово. Таму беа и кога со градот раководеше градоначалничката Теута Арифи во два мандати, но можат лесно да се најдат и денес кога на чело на градот веќе година и пол е Билал Касами, чија партија кога беше во опозиција, преку една акција симболично врза едно куче пред општината, барајќи […]

Прекршочна пријава за градоначалникот на општина Јегуновце и за бизнисменот кој со него се расправал

јануари 13, 2022

По инцидентот во Архивата на Општина Јегуновце, во кој учествувале сегашниот градоначалник на општината, Димитар Костадиноски од ВМРО-ДПМНЕ и бизнисменот М.М.(69) од Скопје, МВР соопшти дека случајот е расчистен. СВР Тетово до Основниот суд Тетово поднело барања за поведување прекршочна постапка и против 44-годишниот градоначалник и против 69-годишниот бизнисмен. Според соопштението, Костадиноски на 5 јануари […]

Порталб: Кучиња скитници постојано напаѓаат жители во Тетово, општината ветува решение

јануари 7, 2022

Само во текот на 2021 година во Секторот за внатрешни работи Тетово имало 112 пријави за каснувања од кучиња скитници, пишува Порталб.мк. Сепак, оваа бројка е поголема бидејќи не се сите случаи пријавени во полиција. Во текот на јавната расправа за буџетот на општина Тетово за 2022 година граѓаните побара да се реши проблемот за […]

Порталб: Касами ги оневозможи велосипедските патеки во Тетово, судот вели предметот е во постапка

ноември 18, 2021

Вчера во Тетово почна отстранувањето на заштитните столбови на велосипедските патеки. Тетовскиот градоначалник Билал Касами рече дека за велосипедската патека има судски спор, поточно судски процес против поранешната градоначалничка Теута Арифи, бидејќи е реализирана спротивно на законот. Касами рече дека има судска одлука за отстранување на овие патеки, додека од Основниот суд Тетово рекоа дека […]

Фирмата што ги изведува велосипедските патеки во Тетово останува тајна, експертите со сомнежи за цената и реализацијата

април 21, 2021

Освен што јавноста продолжува да се потсмева со начинот на кој се изведени велосипедските патеки во Тетово, проблемот лежи во фактот што тие уште повеќе ќе го отежнат нормалното функционирање на јавниот превоз. Според експертот за сообраќај Блерим Неими, патеките имаат низа други професионални проблеми. Од СВР соопштија дека по завршување на проектот, нема да […]

Порталб: Кривични пријави против 14 превозници без лиценци во Тетово, „легалните“ автобуси никаде ги нема

ноември 13, 2020

Во Општина Тетово продолжува акцијата за казнување на нелегалните превозници. Во рок од околу еден месец, 14 лица беа фатени од полицијата како превезуваат патници, без дозвола за дејност. Потсетуваме, дека друго решение за превоз на патници од околните села нема, пишува „Порталб.мк“. Лицата кои биле фатени како нелегално ја вршат оваа активност, живеат во […]

Порталб: Во Тетово сообраќајниот хаос останува проблематичен, загрозени се и учениците

октомври 9, 2020

Припадници на неколку јавни институции и невладини организации вчера одржаа состанок во Тетово за да разговараат за безбедноста на учениците во училиштата. Еден од најголемите проблеми кој беше посебно истакнат е густиот сообраќај во градот, што според еден од присутните директори „го загрозува животот на учениците“. За ова, припадникот на полицијата рече дека проблемот не […]

МВР за само пет часа пронајде 52 прекршоци кај возилата што вршат јавен превоз на патници

септември 1, 2020

И по катастрофалната автобуска несреќа кај селото Ласкарци што се случи во февруари минатата година, дел од превозниците во земјава продолжуваат да вршат јавен превоз на патници со технички неисправни автобуси и такси возила. Полицијата само во текот на вчерашниот ден, во периодот на петчасовна контрола во различни делови од земјава, открила 52 различни прекршоци […]

Дел од семафорите на тетовските улици не функционираат (видео)

јануари 20, 2020

Неколку семафори на тетовските улици не работат, при што се загрозува безбедноста во сообраќајот. Иако повеќето нефункционални семафори се лоцирани во главните делови од градот, општина Тетово не била информирана за овој проблем. Оттаму велат дека не биле информирани од Секторот за внатрешни работи (СВР Тетово), бидејќи тие се надлежни за неговото решавање, а не […]

СВР: Во Тетово и Гостивар учениците се возат во претоварени комбиња и со возачи без дозволи

април 17, 2019

Учениците во Тетово и Гостивар на школо одат во претоварени комбиња со кои управуваат возачи што немаат возачка дозвола, открил СВР Тетово при контрола на сообраќајот, известува „Порталб.мк“. – Вчера од 6 до 9 часот во Гостивар имаше акциска контрола на 35 комбиња од јавниот превоз. Притоа беше утврдено дека девет комбиња се претоварени, осум […]

Во Полошко полицијата привела 48 странски државјани со нелегален престој

ноември 14, 2018

Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ноќеска од полноќ до 2 часот и 30 минути, спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовско Горно Седларце. Таму биле затекнати осум женски лица, од кои пет од Република Албанија и три македонски државјанки. Албанските државјанки на возраст од 25 до 45 години, кои во објектот […]

СВР и ОЈО се координираат за расчистување на случајот со говорот на омраза на навивачките групи

ноември 7, 2018

Полицијата и Обвинителството работат координирано во обелоденувањето на настаните кои се случија во саботата и неделата во Тетово во кои навивачите на групите „Војводи“ и „Балисти“ користеле говор на омраза по етничка основа, а кое според Кривичниот законик е кривично дело казниво со глоба или казна затвор од 1 до 5 години, известува „Порталб.мк“. Во […]

Прободен тинејџер во гостиварско Чегране

ноември 5, 2018

Синоќа околу 21 часот, шеснаесетгодишник од гостиварското село Чегране, во салон за забавни игри, најпрво физички се пресметувал со седумнаесетгодишник од истото село, воедно и негов роднина, а потоа од панталоните извадил нож и му нанел убодна рана во левата нога, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово. На местото на настанот е извршен увид и […]

Властите во Тетово не казниле никого за фрлање градежен шут

октомври 25, 2018

Тетовските власти во текот на изминатите девет месеци не казниле ниту едно лице за фрлање градежен шут. Според податоците обезбедени од „Порталб.мк“, во последните девет месеци, во полошкиот регион полицијата има казнето вкупно 24 лица за фрлање отпадоци според членот 14 од Законот за јавна хигиена, кои вклучуваат фрлање на догорчиња од цигари, гуми за […]

За девет месеци во тетовско изречени 3.584 казни за брзо возење

октомври 12, 2018

Во изминатите девет месеци од годинава, на поширокото тетовско подрачје откриени и соодветно санкционирани се 3.584 сообраќајни прекршоци. Се работи за пречекорувања на максимално дозволената брзина, информираат од Секторот за внатрешни работи Тетово. Според податоците, 1.096 од нив биле во населено, а 2.358 надвор од населено место. Прекршоците биле направени од патнички моторни возила, додека […]

Разбојништво во менувачница во Тетово

септември 19, 2018

Четири лица, од кои двајца италијански и двајца македонски државјани, приведени се поради основи на сомнение дека вчера извршиле кривично дело „разбојништво“ во менувачница во Тетово, соопштуваат од Секторот за внатрешни работи Тетово. „Првоосoмничениот се товари дека влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол, од метален сеф и фиока одзел парични […]

Приведени 30 лица од Полошкиот регион за поседување дрога

септември 17, 2018

Во текот на изминатата недела, поради сомнение дека биле инволвирани во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, приведени се 30 лица од Тетово, Гостивар, Чегране и други места од Полошкиот регион, информираат од СВР Тетово. Секторот за внатрешни работи Тетово, овој месец ги засили планираните активности за санкционирање […]

Тетовец креирал лажен „Фејсбук“ профил заради уцена

јуни 25, 2018

Тетовец креирал лажен профил на „Фејсбук“ на женско лице од Тетово, објавил компромитирачка фотографија од неа, а потоа ја уценувал да стапи во интимен контакт со неа. Поради тоа, односно поради сторено кривично дело злоупотреба на лични податоци, СВР Тетово поднело кривчна пријава против 30-годишниот С.Т., кој делото го сторил во април годинава.

Страна 1 од 2