fbpx
Таг: СВР Тетово

таг: СВР Тетово

Шест лица повредени во сообраќајка на патот Маврови Анови – Дебар

Шест лица се повредени, од кои четири деца, во сообраќајна несреќа што денеска попладне се случила на патот Маврови Анови - Дебар. Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила околу 16 часот, кога возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 46-годишниот Ј.Џ. од Голема Речица се судрило со товарно возило „ман“, што го управувал 43-годишниот...

Се излеа Поројска Река – поради невремето прекин во сообраќајот на патот Тетово – Јажинце

Силното невреме што денеска го погоди Тетовско, најголеми проблеми и штети предизвика во селото Порој. Наноси од камења и од кал го блокира селото. Од 17 часот сообраќајот по регионалниот пат Тетово - Јажинце е во прекин кај селото Порој поради обилни врнежи од дожд и излевање на Поројска Река. Од АМСМ соопштија дека сообраќајот се пренасочува. Портпаролот на СВР Тетово,...

Со нож нападнат адвокат во неговата канцеларија во центарот на Тетово

Со нож бил нападнат 51-годишниот адвокат Бујар Сабриу. Нападот се случил во неговата адвокатска канцеларија, сместена на првиот кат од градскиот трговски центар во Тетово. Осомничен за нападот е 72-годишниот В.А. - Осомничениот напаѓач околу 12 часот влегол во канцеларијата каде работел адвокатот. Меѓу нив првин почнала вербална расправија. Во еден момент напаѓачот извадил нож и го прободел адвокатот во прстот...

Кучиња скитници и необезбеден коловоз, причина за сообраќајќи на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје

Кучиња скитници изминативе два дена предизвикаа две сообраќајки на автопатот Гостивар - Тетово - Скопје. Утринава околу 6 часот, кај Карпалак, поради необезбедениот автопат, патничко возило со гостиварски таблички, што го управувала 34-годишна гостиварка, удрило во куче скитник, кое се движело по коловозот. Од ударот, во возилото немало повредени лица, а причинета е материјална штета која се проценува на 30.000...

Блокиран патот Тетово – Јажинце, отсечени неколку села од Мавровско-реканскиот крај

Голем снежен нанос синоќа по полноќ го затрупа патот Тетово - Јажинце, на само 200 метри од граничниот премин Јажинце. Повеќе возила на ова место се заглавени, а патниците се згрижени на граничниот премин и во селото Јажинце, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Од Јавното претпријатите „Македонија пат“ - секција Тетово, велат дека нивни екипи со специјална механизација...

Во СВР Тетово пријавен поткуп при избори и гласање

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 18.15 часот во полициската станица во Тетово, е пријавено кривично дело поткуп при избори и гласање. МВР информира дека од страна на СВР Тетово се работи на целосно расчистување на случајот. Во Теарце денеска има силно полициско обезбедување, за да се овозможи непречено гласање. Според невладината „Цивил“, вчера биле приведени две лица под сомневање...

Спасовски во СВР Тетово: Притисоците врз избирачите да се пријават во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при денешната посета на Секторот за внатрешни работи Тетово, апелираше секој притисок што се врши врз гласачите од страна на државните службеници во пресрет на престојните избори, навремено да се пријави во Министерството за внатрешни работи. - Истакнав дека ниту еден полициски службеник не смее да се вклучува во политички кампањи, не смее да се...

Андонов најавува нова прес-конференција во МВР во 15 часот

„Ова е една од моите редовни посети во секторите за внатрешни работи и денеска сум во СВР Тетово без разлика на вчерашните и денешните ад хок случувања што ги прави СЈО“, рече дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, при денешната посета на СВР Тетово. Подетални информации за тоа какви биле тие „ад хок случувања на СЈО“, Андонов најави дека ќе...

Петнаесетина сообраќајни несреќи за викендот во Полошко

Тринаесетгодишен велосипедист од гостиварско Чегране во сообраќајна несреќа добил тешки телесни повреди. Сообраќајката се случила синоќа околу 20 часот, на крстосницата на локалните патишта за Чегране и за Форино. Според СВР Тетово, велосипедистот се судрил со автомобил „нисан“ со гостиварски таблички, управуван од 54-годишник од село Форино. Од удирањето малолетникот добил фрактура на левата подлактица и веднаш е префрлен во...

Непознато лице пукало во полициска екипа во селото Чифлик, Тетовско

Непознато лице синоќа пукало во полициска екипа во селото Чифлик, која дошла да изврши проверка по претходна пријава дека во селото има две сомнителни возила, информираат од МВР. Според полицијата, околу 23.30 часот, на влезот во селото биле паркирани две возила, едното „опел вектра“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое имало едно непознато лице, а другото, марка „ауди а3“ со...

Гостиварец ја претепал сопругата со сукало

Дваесет и шестгодишна гостиварка вчера пријавила семејно насилство, кое дента, околу 14.30 минути, во заедничкиот дом во Гостивар, го извршил нејзиниот една година помлад сопруг. Според пријавата во СВР Тетово, двајцата најпрвин почнале да се расправаат. Во еден момент, сопругот зел дрвено сукало и повеќепати ја удрил по рацете и по телото, нанесувајќи ѝ притоа видливи повреди. Според гостиварката, сопругот досега повеќепати...

Починато момче пронајдено на скијачка патека на Попова Шапка

Починато момче, М.Ј. (29), било пронајдено вчера на Попова Шапка, на скијачката патека Церипашина, во месноста Казани. Увидна екипа од СВР-Тетово извршила увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Демолирана народната канцеларија на Иванов во Тетово

Утринава околу 5.50 часот демолирана е народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во Тетово. Според Секторот за внатрешни работи Тетово, непознати сторители фрлиле тврди предмети кон изложните стакла и кон вратата на канцеларијата, која се наоѓа на улицата Борис Кидрич, во центарот на градот. Како што информираат од полицијата, биле фрлени и неколку јајца во внатрешноста на објектот. Екипи на...

Четворица полицајци повредени во тепачка меѓу навивачки групи во Скопје

Четворица полицајци биле повредени во тепачка меѓу навивачките групи „Балисти“ и „Шверцери“, што вчера попладне се случила на стадионот „Чаир“ во Скопје, за време на натпреварот меѓу фудбалските екипи на ФК „Шкендија“ и ФК „Силекс“, информира МВР. Според полициските информации, вчера околу 17.30 часот, на стадионот „Чаир“ дошло од нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем со меѓусебна...

Домовите на жителите на Брвеница страдаат поради необезбедениот пат

Жителите од Брвеница бараат надлежните да го обезбедат патниот правец Тетово -Волковија, кој поминува низ нивното село. Велат дека на овој патен правец често се случуваат сообраќајки, во кои возилата завршуваат во нивните дворови. - Тука се вози пребрзо, пред една недела автомобил заврши во мојот двор. Уништена ми е оградата, а цело семејство се уште е под стрес. Мора...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...