fbpx

Блокиран патот Тетово – Јажинце, отсечени неколку села од Мавровско-реканскиот крај

-

Голем снежен нанос синоќа по полноќ го затрупа патот Тетово – Јажинце, на само 200 метри од граничниот премин Јажинце. Повеќе возила на ова место се заглавени, а патниците се згрижени на граничниот премин и во селото Јажинце, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Од Јавното претпријатите „Македонија пат“ – секција Тетово, велат дека нивни екипи со специјална механизација се тргнати кон граничниот премин, заради расчистување на патот и слободен протек на возила. Оттаму се надеваат дека во текот на денот, целиот снежен нанос кој се спуштил од Шар Планина на патот, ќе биде остранет.

Поголеми проблеми од големите снежни врнежи во Западна Македонија се јавија во Мавровско-реканскиот крај. Дел од селата од овој регион ноќеска снемаа струја, но сега состојбата со напојување на електрична енргија е стабилизирана.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираат дека селата Сенце, Нистрофо и Дуф се отсечени поради блокираните патишта што водат до нив.

Автопатиштата и регионалните патни правци во Западна Макеодонија се проодни. Забраната за тешки товарни возила кон скијачкиот центар Попова Шапка и кон планинскиот превој Стража сè уште е на сила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...