fbpx

Дел од семафорите на тетовските улици не функционираат (видео)

-

Неколку семафори на тетовските улици не работат, при што се загрозува безбедноста во сообраќајот. Иако повеќето нефункционални семафори се лоцирани во главните делови од градот, општина Тетово не била информирана за овој проблем. Оттаму велат дека не биле информирани од Секторот за внатрешни работи (СВР Тетово), бидејќи тие се надлежни за неговото решавање, а не општинските власти, пишува „Порталб.мк“.

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) истакнаа дека тие постојано известуваат за состојбата на семафорите во Тетово, но компанијата што е одговорна за нивно одржување не секогаш ја врши работата правилно.

– Постојано известуваме за состојбата на семафорите во градот, проблемот е во тоа што компанијата, која што е ангажирана за одржување на семафорите честопати покажала небрежност, а имало прилики и кога се расправавме со нив. Во моментот кога компанијата ќе биде известена, дека семафорите не функционираат, тие треба да излезат на терен, но колку постапуваат така, не се знае“, рекоа од Секторот за внатрешни работи (СВР) во Тетово.

Податоците на „Порталб.мк“ покажуваат дека една иста компанија со години го добива тендерот за одржување на семафорите во Тетово, а само за последните четири години оваа компанија, има заработено од тетовските даночни обврзници околу 100.000 евра за одржување на семафорите.

Добиените тендери од компанијата „Електрософт“ за одржување на семафорите

Од компанијата одбија да зборуваат за ова. Сепак, од неофицијални извори „Порталб.мк“ дознава дека компанијата имала финансиски спорови со Општина Тетово.

Проблемот со нефункционирањето не семафорите во Тетово постои веќе неколку години, но ситуацијата станува уште позагрижувачка кога тие не функционираат во текот на празниците, кога бројот на возила е поголем, а со тоа се зголемува и ризикот од можни несреќи.

Инаку, само во минатата година во Тетово се регистрирани 784 сообраќајни незгоди со вкупно 8 жртви, 45 лица со тешки телесни повреди и 441 случаи со материјална штета.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...