fbpx

Порталб: Кучиња скитници постојано напаѓаат жители во Тетово, општината ветува решение

-

Само во текот на 2021 година во Секторот за внатрешни работи Тетово имало 112 пријави за каснувања од кучиња скитници, пишува Порталб.мк. Сепак, оваа бројка е поголема бидејќи не се сите случаи пријавени во полиција.

Во текот на јавната расправа за буџетот на општина Тетово за 2022 година граѓаните побара да се реши проблемот за Тетово да биде побезбедно, пред сé за децата.

„Со оглед на тоа што сите се будиме рано, секој ден се соочуваме со кучиња скитници. Скоро, минатиот месец и самиот се соочив со нив излегувајќи од дома, имавме и случаи на напади врз деца. Барам да се направи проект за решавање на овој проблем, за да немаме повеќе кучиња скитници на улица затоа што навистина е многу голем проблем и се надевам дека овој проблем ќе се отстрани. Пред неколку месеци имавме случај во Речица, па случајот во Гостивар, затоа што кучиња имаме секојдневно на улица“, рече еден граѓанин.

Мемет Јонузи, раководителот на секторот за комунални дејности рече дека за оваа година планираат изградба на прифатилиште за кучиња скитници, во вредност од 2 милиони денари.

„Истовремено ја имаме и програмата што треба да ја одобриме, тоа е предлог програма за решавање на проблемот со кучињата скитници на територијата на општина Тетово. Генерално во програмата се опишани сите активности, кои ние како општина треба да ги спроведеме, односно преземање одговорност за овој проблем кој е проблем на целиот регион и на државата. Ќе ги преземеме нашите мерки, но проблемот е поопшт. На последната средба на градоначалникот со другите градоначалници на Полог, се договорија дека со овој проблем треба да се носат сите општини и за истиот да се најде поиздржливо решение“, рече Јонузи.

Општината планира секој месец да лови по 20 кучиња за да ги засолни и да ги вакцинира.

„Во буџетот се предвидени средства за континуирано третирање на овој проблем, но во соработка со другите општини од Полог. Центарот за регионален развој веќе има предвидено проект за регионален центар за третман на кучињата скитници затоа што парцијалниот третман од страна на одредени општини е проблематичен бидејќи има појава на префрлување кучиња од една во друга општина“, рече градоначалникот Билал Касами.

Инаку, финансиските средства што општина Тетово ги издвои за овој проблем се пониски од лани, односно за годинава општината издвои 2 милиони денари, а лани беа издвоени 3,5 милиони денари. Да потсетиме дека во септември, кучиња скитници нападнаа четиригодишно дете од Мала Речица додека играло пред својата куќа и сериозно го повредија. Мораше да се хоспитализира.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...